Положба: Хотелот се наоѓа во областа Goynuk, 45 км од аеродромот во Анталија, 9 км од Кемер и 35 км од центарот на Анталија.
Сместување: Вкупен број на соби 544. Има три типа на стандардни соби; 280 во главната зграда (26 м²; 2+1), 110 во Garden зградата (32 м²; 2+1); 101 странична соба (30 м²; 2+1); 29 трокреветни соби (30 м²; максимум 3 лица); 12 фамилијарни соби (48 м²; максимум 4 лица, две спални соби одвоени со врата); 6 Суит соби (50 м²; една спална соба и една дневна со поглед на море); 4 соби за хендикепирани лица. Собите се со поглед на море, градина, базен или планина. Сите соби се доста комфорни со купатило со када, туш, фен, централна клима, телефон, мини бар (безалкохолни пијалоци и вода пред пристигнување), сеф (се наплатува), сателитска ТВ и музички канали, тепих на подот, балкон.
Услуга: Ултра се вклучено - шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, во текот на денот ужини во снек рестораните, попладневен чај, кафе, торти и доцна ноќна ужина. Сите локални алкохолни и безалкохолни пијалоци 24 часот, сладолед од 13.00-15.00 часот. A la carte ресторани со претходна резервација и со доплата, со доплата се и алкохолните пијалоци во A la carte рестораните, сите увозни пијалоци, сите пијалоци по 00.00 часот, свежо цедениот сок, сите флаширани пијалоци, специјалните вина, сладоледот надвор од одреденото време, собна послуга, се наплатуваат.
Содржини: Главен ресторан - шведска маса, A la carte ресторани: La Brezza (Италијанска кујна), Lа Pescheur (отворен ресторан со морска храна), Anatolia ресторан (отворен ресторан со Турска кујна). Барови насекаде во хотелскиот комплекс, се служат пијалоци до 00.00 часот (само во Диско клубот до 02.00 часот). Доктор, чување деца, перална и хемиско чистење, фризер, салон за убавина, продавници, телефон, интернет, rent a car, се наплатуваат.
Плажа: Приватна плажа, песочна и со средно крупен песок, со лежалки, чадори за сонце и пешкири кои не се наплатуваат.
Спорт и забава: Отворен и затворен базен за возрасни и деца, водени лизгалици, фитнес, сауна, Турска бања, тениски игралишта, сквош, мал фудбал, кошарка, одбојка на плажа, аеробик во базен, стрелаштво, пикадо. Масажа, водени спортови, билијард, осветлување на тениските терени, часови по тенис, се наплатува.
Забавна програма преку целиот ден, натпревари и специјални програми за деца во мини клубот. Шоу програма навечер, Турска вечер еднаш неделно и жива музика три пати во неделата.
www.miradahotels.com