Положба: Хотелот се наоѓа во областа Goynuk, 5км од Кемер, 40км од центарот на Анталија и 45км од аеродромот.
Сместување: Вкупен број на соби 497. Има два видови на сместување, еден е во клуб де лукс собите, другиот во Hill де лукс собите. Клуб соби 230 (20-30м²; 2+1 лица) со поглед на море или градина, 30 економски соби (15-20м²; макс. 2 лица) само со поглед на градина, горниот спрат е со ламинат на подот, а долниот со керамички плочки; 76 клуб супериор соби (35м²; макс. 4 лица) со поглед на море или градина, 4 клуб суит соби (50м²; макс. 4 лица, две спални соби и една дневна, едно купатило, тепих на подот, поглед на море или градина). 22 Beach соби (30м², излегуваат директно на плажа со поглед на море, макс.3 лица); 90 Hill делукс соби (36м²; паркет или керамички плочки, поглед на море, 2+1 лица), 31 Hill супериор соби (41м²; макс.4 лица), 5 Hill фамилијарни соби (65м², макс 4 лица, две спални и две купатила, поглед на море), 1 Hill Exclusive соба (50 м²; макс 2 лица, специјално уредена соба со голема тераса, со џакузи и дневен престој), 2 Hill Junior suit соби (65м², макс 4 лица, една спална и една дневна соба, поглед на море) и 6 Hill King суити (90м², макс 5 лица, две спални и две купатила, поглед на море).Сите соби се со купатило со туш, када, фен, клима сплит систем, телефон, сеф, мини бар (секојдневно се дополнува со вода, сокови и пиво), сателитска ТВ и музички канали, балкон или тераса.
Услуга: Ултра Се вклучено-шведска маса за појадок, доцен појадок, Village појадок, ручек, утринска и попладневна ужина, сладолед во одредени часови, торти, колачи, вечера, доцен ноќен оброк, во неделите шампањско, сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци се сервираат на маса, A’la Сarte ресторани со претходна резервација, мини бар во собите (секојдневно се дополнува со вода, сокови и пиво), свежо цедени сокови само за време на појадокот. Специјалните увозни пијалоци, флаширани пијалоци, свежо цедени сокови, специјалните вина, дополнително се наплатуваат.
Содржини: Главен ресторан-Phaselis, шведска маса, A’la Сarte ресторани-Рибен, Јапонски, Кинески и Турски, барови околу хотелскиот комплекс. Доктор, чување деца, фризер, продавниците, сервис за перење и пеглање, телефон, факс, интернет и компјутерски игри, rent a car, дополнително се наплатуваат.
Плажа: Хотелска приватна плажа, со средно крупен песок, пешкири, лежалки и чадори за сонце кои не се наплатуваат.
Спорт и забава: Отворени базени за возрасни и деца, водени лизгалици, фитнес центар, Турска бања, сауна, џакузи, соба со пареа, одбојка на плажа, кошарка, мал фудбал, пинг понг, билијард, тенис, немоторизирани водени спортови, не се наплатуваат. Масажа и салон за убавина, осветлување за тениските терени, часови по тенис и опрема, моторизирани водени спортови, училиште за нуркање, се наплатуваат.
Забавна програма преку целиот ден, шоу програма навечер. Турска вечер, Гала вечер, жива музика. Мини клуб за деца од 04-12 год.
Забелешка: Клубските соби оваа година се комплетно реновирани.
www.clubphaselis.com