Положба: Хотелот се наоѓа во областа Bogazkent, 40 км. од аеродромот и 50 км од центарот на Анталија.
Сместување: Вкупен број на соби 324. 208 стандардни соби (27 м2; една спална соба, едно купатило, максимум 3 лица), 20 поврзани соби (54 м2; две стандардни соби одвоени со врата, максимум 6 лица), 78 фамилијарни соби (45 м2; дуплекс соби на последниот спрат, две спални соби и едно купатило, максимум 4 лица), 2 King suit (95 м2; една дневна соба, две спални соби и две купатила од кои едно со џакузи), 11 јуниор суити (31 м2, една спална соба со џакузи и поглед на море, максимум 3 лица) и две соби за хендикепирани лица. Сите соби се со купатило со када и фен, централна клима, телефон, мини бар, сеф, сателитска LCD TV со музички канали, интернет конекција на барање, DVD player, детектор против пожар, ламинат и балкон со поглед на море или градина.
Услуга: Elegance ultra All inclusive сервис-24 часа храна и пијалоци, шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек и вечера, дел за диетална храна и храна за деца во главниот ресторан, ужини преку целиот ден, A la carte ресторани со претходна резервација, мини бар кој се дополнува секојдневно со вода, безалкохолни пијалоци и пиво, сите локални и стандардни алкохолни и безалкохолни пијалоци. Специјалните луксузни увозни пијалоци , сите флаширани пијалоци, специјалните вина, енергетските пијалоци, увозните пијалоци од 01.00-10.00 часот и собната послуга дополнително се наплатуваат.
Содржини: Samui-главен ресторан-шведска маса, A la carte ресторани-Balcano Taverns (Балканска кујна), Tai Restaurant (Кујна од Далечен Исток), Chipura Restaurant (Рибен ресторан), снек ресторан и бар-Pattaya, café Chai, лоби бар и Charma Диско клуб. Доктор, чување деца, фризер, перална и хемиско чистење, продавници, телефон, факс, интернет и компјутерски игри, rent a car дополнително се наплатуваат.
Плажа: Хотелска песочна плажа, со лежалки, чадори за сонце и пешкири кои не се наплатуваат.
Спорт и забава: Отворен и затворен базен за возрасни и деца, водени лизгалици, фитнес центар, Турска бања, сауна, тениски игралишта, кошарка, одбојка на плажа, мини голф, немоторни водени спортови не се наплатуваат. Масажа, SPA центарот и центарот за убавина, куглање, билијард, осветлување за тениските терени, часови по тенис и опрема, моторните водени спортови дополнително се наплатуваат.
Забавна програма преку целиот ден, спортски натпревари покрај базенот, шоу програма во вечерните часови, жива музика. Специјална програма за деца во Мини клубот од 04-12 год.
www.siamelegancehotels.com