Положба: Хотелот се наоѓа во областа Карабурун, 25 км од Сиде, 35 км од Аланиа и 90 км од аеродромот во Анталија.
Сместување: Вкупен број на соби 220. 210 стандардни соби (2+1), 10 фамилијарни соби (2+2). Сите соби се со купатило со када, туш и фен, клима уред кој работи според временските услови, телефон, мини бар (се дополнува секој ден само со вода), сеф (се наплатува), сателитска ТВ и музички канали, балкон.
Услуга: Се вклучено-шведска маса за појадок, доцен појадок, утринска ужина, ручек, попладневна ужина, вечера, сите локални алкохолни и безалкохолни пијалоци. Увозните пијалоци, свежо цедениот сок, сите пијалоци во Диско клубот, и пијалоци во Лоби барот после 24.00 часот, сите флаширани пијалоци, сладолед, коктели, еспресо и капучино се наплатуваат.
Содржини: Главен ресторан, шведска маса, Лоби бар, снек бар покрај базенот, бар на плажа. Доктор, чување деца, перална, телефон, факс и интернет, фризер, продавници дополнително се наплатуваат.
Плажа: Хотелска плажа со средно крупен песок, со лежалки, чадори за сонце и пешкири кои не се наплатуваат.
Спорт и забава: Отворен и затворен базен за возрасни и деца, лизгалици, Турска бања, сауна, фитнес, пинг понг. Масажа, билијард, водени спортови, дополнитело се наплатуваат.
Забавна програма во текот на денот, натпревари и шоу програма навечер. Мини клуб за деца со дневна и вечерна програма.
www.hotelstellabeach.com