Положба: Хотелот се наоѓа во областа Лара, 10 км од аеродромот во Анталија и 12 км од центарот на Анталија. Хотелот е на плажа.
Сместување: Вкупен број на соби 401. 157 стандардни соби во главната зграда на 10 спрата (40 м2, 2+1), 52 де лукс соби (50 м2, максимум 3 лица, исти како стандардните соби, но со поглед на море и со поголем балкон), суит соби за меден месец (57 м2, максимум 2 лица), 4 Penthouse suit (108 м2, максимум 3 лица), 3 претседателски суити, еден кралски суит и 2 соби за хендикепирани лица.95 Јуниор суит соби се во Анекс зградата (48-67 м2, 2+1 или максимум 3 лица, една спална соба и една дневна со тераса или балкон, нема врата помеѓу собите). Сите соби се со електронски клуч, балкон, купатило со фен, централна клима, телефон, паркет на подот, сеф, мини бар, сателитска ТВ со ДВД, бањарка и собни папучи, бокал со топла вода за чај и кафе.
Во резиденсниот дел од хотелот има два вида на соби: мала резиденција 22 (Тип Б)-65 м2, една дневна соба со кујна, една спална соба (максимум 3+1), голема резиденција 62 (Тип А)-86 м2, една дневна соба со кујна, две спални соби и две купатила (максимум 4 лица).
Услуга: Ултра се вклучено-шведска маса за појадок, доцен појадок, ужина наутро, ручек, попладневна ужина, вечера, ужина во доцните вечерни часови. Сите локални и стандардни увозни алкохолни пијалоци и безалкохолни пијалоци, A la carte ресторани со претходна резервација, мини бар во собите (секој ден се дополнува со безалкохолни пијалоци, вода и пиво). Луксузните пијалоци, специјалните вина и сите флаширани пијалоци, наргиле, собна послуга и јастогот во A la carte рестораните се наплатува.
Концепт за Junior suit, Penthouse и Претседателски суит:
Пријавување и одјавување од хотел со загарантирана приватност, бесплатна собна услуга-храна по избор, секојдневна достава на весник во соба, дневно надополнување на мини барот со локални и увозни пијалоци (мали пакувања), секој ден корпа со овошје. Приоритет во A la carte рестораните, сервис за чистење чевли, сепаре за релаксирање, секретарка, DVD/CD колекција-бесплатно се изнајмува, бесплатен пилинг и третман на лице еднаш за време на престојот, пред пристигнување пеглање на вечерната тоалета.
Содржини:Divan главен ресторан шведска маса, A la carte ресторани-Kuyu Turk ресторан –Турска кујна, скара ресторан, Turunc International ресторан-Интернационална кујна, Sandal ресторан-морска храна, Akdeniz-Медитеранска кујна, бели пецива, лоби бар, бар покрај базенот, снек бар, ноќен бар. Доктор, перална и хемиско чистење, фен, чување деца, телефон, факс, интернет, компјутерски игри, шопинг центар, rent a car, дополнително се наплатува.
Плажа: Песочна хотелска плажа со лежалки, чадори за сонце и пешкири кои не се наплатуваат.
Спорт и забава:3 отворени базени, 1базен со лизгалица, 1 затворен базен, базен за деца, водени лизгалици, фитнес центар, сауна, Турска бања, 3 тениски игралишта, одбојка на плажа, игралиште за повеќе намени: кошарка, мини фудбал и одбојка, пинг понг, гимнастика, мини голф, стрелање, сквош. Билијард, ДВД, масажа, SPA&Thalasso, водени спортови се наплатуваат.
Забавна програма преку целиот ден со натпревари и анимации, навечер специјална шоу програма, жива музика. Мини клуб за деца (04-12)со специјална програма преку целиот ден и мини диско навечер.
www.baruthotels.com