Положба: Хотелот се наоѓа во областа Лара, 11 км од аеродромот во Анталија и 15 км од центарот на градот.
Сместување: Вкупен број на соби 462. 376 стандардни соби (26-30м2; 2+1), 11 фамилијарни соби (37м2; 2+2, една спална, една одвоена просторија со врата и едно купатило), еден Pink moon suit за гости кои се на меден месец (100 м2), еден Председателски суит (108 м2, максимум 4 лица), еден Кралски суит (85 м2, максимум 2 лица) и две соби за хендикепирани лица. Сите соби се со купатило со када и туш, фен, централна клима, телефон, сеф, мини бар (секој ден се дополнува со безалкохолни пијалоци, вода, пиво, чоколади), сателитска ТВ, балкон или тераса.
Услуга: Ултра се вклучено-пијалок за добредојде, овошје и вино во соба за добредојде, шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, попладневна ужина, колачи, чај, кафе, вечера и полноќна ужина. Сите домашни алкохолни и безалкохолни пијалоци, стандардни увозни пијалоци, собна услуга по мени од 24:00 до 06:00 не се наплатува. A la carte ресторани со претходна резервација. Диетална храна и храна за деца во главниот ресторан. Премиум пијалоците, специјалните и флаширани вина, собна услуга од 06:00 до 24:00 дополнително се наплатува.
Содржини: Главен ресторан-шведска маса, за појадок, ручек и вечера , A la carte ресторани-Secret Garden ресторан-Турска кујна, Blue fish-рибен ресторан, Pekin ресторан-Кинеска кујна, Margarita ресторан-Мексиканска кујна, Dolce Vita ресторан-Италијанска кујна, Dragon ресторан-Тајландска кујна. Барови на различна локација во хотелскиот комплекс, диско клуб. За сите A la carte ресторани потребна е претходна резервација. Доктор, чување деца, перална, телефон, факс, интернет, компјутерски игри, rent a car, фризер, салон за убавина, продавници дополнително се наплатуваат.
Плажа: Хотелска песочна плажа со лежалки, чадори за сонце, пешкири за на плажа не се наплатуваат.
Спорт и забава: Отворен и затворен базен за возрасни и деца, лизгалици на вода, фитнес центар, Турска бања, сауна, тениски игралишта, кошарка, одбојка, одбојка на плажа, не моторни водени спортови не се наплатуваат. Осветлувањето за тениските терени, моторните водени спортови, Spa центарот, школата за нуркање, куглање, билијард, компјутерските игри се наплатуваат.
Забавна програма за возрасни во текот на денот и шоу програми во вечерните часови. За деца од 04-12 год Fun Fair и Mini club со целодневни анимации.
www.comerhotels.com