DELPIN PALACE DE LUXE COLLECTION 5* LARA ANTALYA
Положба: Хотелот е лоциран во областа Лара, 10 км од аеродромот во Анталија и 15 км од центарот на градот. Хотелот е на плажа.
Сместување: Вкупен број на соби 557. Има 486 стандардни соби (32 м2 со поглед на градина, 28 м2 со страничен поглед на море, 32 м2 со поглед на море, 2+2 лица) , 41 фамилијарна соба (45 м2 две одвоени соби со два мини бара, два ТВ и едно купатило,максимум 4 лица), 24 exclusive соби (36 м2, една голема соба со џакузи во купатило и голема тераса, максимум 3 лица), 5 соби за хендикепирани лица и 1 Кралски суит. Сите соби се со балкон, поглед на море, страничен поглед на море или градина, купатило со када, туш и фен, централна клима, телефон, под со тепих, сеф, мини бар (вода, безалкохолни пијалоци, пиво, чоколади се дополнуваат секој ден), сателитска ТВ и радио.
Услуга: Ултра се вклучено-шампањ за добредојде, шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, доцна ужина, сета храна и пијалокот во Снек баровите, свежите овошни сокови за време на појадокот и во Витамин барот. Сите домашни и стандардни увозни безалкохолни и алкохолни пијалоци, сладолед, кафе, чај покрај базените и баровите на плажа. A la carte рестораните се со претходна резервација. Собна послуга не се наплатува од 24:00 до 06:00 часот.Диетална храна и храна за деца во главниот ресторан. Луксузните пијалоци, коњакот, цигарите, специјалните вина, увозните пијалоци во A la Carte рестораните, собна послуга од 06.00-24.00 се наплатува.
Содржини: Главен ресторан шведска маса, A la Carte ресторани: Blue Fish (рибен ресторан), Sofra ресторан (Турска кујна), Chine house (Кинеска кујна), Dolce Vita (Италијанска кујна), Margarita (Мексиканска кујна), Dragon, Suschi, Dai Tikai Teppen Yaki (Јапонска кујна),La Parizien (Француска кујна). 9 Барови на различна локација во хотелскиот комплекс каде што се служат домашни и увозни пијалоци, диско клуб, кино.Доктор, перална, шопинг центар, интернет (во Lobby делот е бесплатен) и компјутерски игри, фризер, rent a car, чување деца, се услуги кои дополнително се наплатуваат.
Плажа: Песочна приватна плажа со лежалки, чадори за сонце, пешкири и душеци кои не се наплатуваат.
Спорт и забава: Отворен и затворен базен, базен за деца, Аква парк, фитнес центар, сауна, Турска бања, соба со пареа, џакузи, тениски игралишта, одбојка на плажа, пинг понг, пикадо, не моторни водени спортови, игротека за деца, не се наплатува. Опрема и часови за тенис, масажа, пилинг, SPA центарот и салонот за убавина, моторните водени спортови и школата за нуркање дополнително се наплатуваат.
Забавни програми преку целиот ден, натпревари и шоу програми навечер, жива музика, Гала вечери. Мини клуб за деца од 04-12 год.
www.delphinhotel.com