DELPHIN DE LUXE RESORT 5* OKURCALAR ALANYA
Положба: Хотелот се наоѓа во областа Okurcular-Alara, 32 км од Аланиа и 90 км од аеродромот во Анталија. Има бесплатен превоз од хотелот до Аланиа, Манавгат и Сиде, со претходна резервација на рецепција.
Сместување: Вкупен број на соби 416. 403 стандардни соби (27 м2 максимум 2+2), 8 поврзани соби (54 м2, максимум 4 лица). Сите соби се со балкон, со поглед на море или градина, купатило со туш, када, фен, централна клима , телефон, под со тепих, сеф, мини бар, сателитска ТВ и музичка програма.
Услуга: Ултра се вклучено-шампањско за добредојде, шведска маса за појадок, доцен појадок, утринска ужина, ручек, попладневна ужина и колачи , кафе, чај, сендвичи, сладолед, свежо цеден сок, вечера и оброк во доцните ноќни часови. Сите локални и некои увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, Турско кафе, мини бар во собите кој секојдневно се дополнува со безалкохолни пијалоци, пиво, вода и чоколади. A la carte ресторани со претходна резервација, собна послуга од 24.00-06.00 не се наплатува.Само некои стари виски, бренди, стари вина и флаширани пијалоци, собна услуга од 06.00-24.00 се наплатуваат. Во главниот ресторан има храна за деца и диетална храна.
Содржини: Главен ресторан Delphin-шведска маса, A la carte ресторани-Ottoman (Турска кујна), Blue Fish (морска храна), Dolce Vita (Италијанска кујна), China House (кујна од Далечен Исток), Sushi, Sai Tokai Teppan Yaki Restaurant(Јапонска кујна), Margarita (Мексиканска кујна), La Prizien ( Француска кујнаснек) ресторан на плажа, со претходна резервација. Во баровите околу хотелскиот комплекс се служат и локални и увозни пијалоци. Продавници, фризер, перална, доктор, rent a car, интернет (во лобито од хотелот не се наплатува), компјутерски игри, дополнително се наплатуваат.
Плажа: Хотелска плажа, дел е со платформа, дел песочна со лежалки, чадори за сонце и пешкири кои не се наплатуваат.
Спорт и забава: Отворен и затворен базен, базен за деца, водени лизгалици, фитнес центар, сауна, Турска бања, соба со пареа, џакузи, тениски игралишта, пинг понг, одбојка на плажа, пикадо, немоторни водени спортови не се наплатуваат. Дополнително се наплатува осветлувањето за тениските терени, часови по тенис, масажа, салон за убавина, билијард, моторни водени спортови и школа за нуркање. Часови по сликање не се наплатуваат.
Забавна програма, натпревари, шоу програма навечер, секои 15 дена Турска вечер и секои 15 дена Гала вечера. Мини клуб и клуб за тинејџери со отворено кино.
www.delphinhotel.com