Положба : Хотелот е лоциран во областа Кириш, 7км од центарот на Кемер и 65км од аеродромот во Анталија.
Сместување : Вкупен број на соби 410 во главната зграда и во Annex. Стандардни соби 335 ( 22-25м², макс 3 лица ), Фамилијарни дуплекс соби 51 ( 60м², во annex макс 5 лица ), Јуниор суит 10 ( 55м², една спална, една дневна и едно купатило ), Сениор суит 4 ( 75м², една спална, една дневна и едно купатило, макс 4 лица ), Кралски суит ( 110м², две спални, две купатила, спална соба и голема тераса). Сите соби се со приватно купатило со када , туш, фен, централна клима, телефон, мини бар ( само вода секој ден ), сеф ( се наплатува), сателитска ТВ, тепих, балкон.
Услуги : Се вклучено од 10.00-02.00 – шведска маса за доручек, доцен доручек, ручек, вечера, ужина во текот на денот, чај, кафе, колачи, доцен оброк, сите локални алкохолни и безалкохолни пијалоци. Се наплатува : увозни пијалоци, флаширани и пијалоци во лименка, свежи овошни пијалоци, собна услуга, A’la Carte ресторани со претходна резервација и со доплата.
Содржина : Главен ресторан со шведска маса, snack bar на плажа, барови на различни локации во хотелскиот комплекс. Доктор, чување на деца, фризер, перална и хемиско чистење, телефон, интернет, компјутерски игри, продавници, rent a car се наплатуваат.
Плажа : Хотелска плажа со ситни камчиња, лежалки, чадори не се наплатуваат. Пешкири на плажа со депозит.
Спорт и забава :Отворени и затворени базени за возрасни и деца, лизгалици, фитнес центар, турска бања, сауна, тениски игралишта, одбојка, кошарка, мини фудбал, пинг понг, немоторизирани водени спортови не се наплатуваат. Се наплатуваат : моторизирани водени спортови, билијард, школо за нуркање, опрема и осветлување на тениските игралишта.
Забавни програми во текот на денот покрај базен и на плажа, вечерни шоу програми. Мини клуб за деца од 04-12 години.
www.akkahotels.com