Положба: Хотелот се наоѓа во областа Лара, 15км од аеродромот во Анталија и 17км од центарот на Анталија.
Сместување: Вкупен број на соби 311. Cтандардни соби 270 (22-29м²; 3+1 лица), 30 Суити (43-49м²; макс. 4 лица), 2 King суити, еден Председателски суит, 5 Honey moon соби и 3 соби за хендикепирани лица. Сите соби се балкон, купатило со када/туш и фен, клима уред, телефон, мини бар (се дополнува секој ден), сеф (дополнително се наплатува), сателитска ТВ со музички канали.
Услуга: Се вклучено-шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, попладневна ужина, торти и сладолед во одредени часови од денот, вечера, ужина во доцните вечерни часови, чај, кафе, сите локални алкохолни и безалкохолни пијалоци помеѓу 10.00 -24.00ч. се бесплатни, Италијанскиот и Турскиот A‘la Carte ресторани се со претходна резервација и еднаш во текот на престојот. Не е вклучено: увозни пијалоци, свежо цедени сокови, флаширани пијалоци, Рибен A’la Carte ресторан–Мarina, сите пијалоци во Диско Клубот и собна послуга.
Содржини: Jasmine-главен ресторан за шведска маса, Carmen пекара, A ‘la Carte ресторани-Belini (Италијанска кујна), Marina (Рибен ресторан), Turga (Турска кујна), лоби бар, витамински бар, барови покрај базенот и на плажа, ноќен клуб. Доктор, чување деца, сервис за перење и пеглање, интернет café, компјутерски игри, телефон, факс, шопинг центрите се наплатуваат.
Плажа: Песочна хотелска плажа со лежалки, чадори за сонце и пешкири кои не се наплатуваат.
Спорт и забава: Отворен и затворен базен за возрасни и деца, Аква парк, фитнес центар, Турска бања, сауна, сауна, џакузи, две тениски игралишта, одбојка на плажа, кошарка, куглање, пинг-понг и не моторни водени спортови, не се наплатуваат. Осветлени тениски игралишта, опрема за тенис, часови по тенис, масажа, моторизирани водени спортови дополнително се наплатуваат.
Забавни програми во текот на денот и професионални шоу програми навечер, програмата се менува не секои две недели, мини клуб за деца од 04-12 год.
www.hotellarabeach.com