Положба: Хотелот се наоѓа во Белек на 35км оддалеченост од аеродромот во Анталија и 45км од Анталија,
Сместување: Хотелот располага со 492 соби. Стандардни хотелски соби 247 (25м², 2+1 лица), 149 стандардни бунгалов соби (25м², 2+1 лица), фамилијарни бунгалов соби 13 (55м², две спални со одвоени со врата, 4+2 лица), 3 Јunior суит соби (44м², две спални, две купатила, тепих на подот, макс. 3 лица), 16 Executive суита (40–58м², една спална и една дневна соба макс. 3 лица) и 51 Anex соби (17м², макс.2 лица). Хотелските соби се со балкон, поглед на градина или море. Купатило со када., централна клима, телефон, мини бар, сеф, теписон, сателитска ТВ и музички канали и софа.. Бунгалов собите се со под од плочки, поглед на градина, туш кабина, фен за коса, сплит клима, мини бар, сеф, телефон, сателитска ТВ и софа.
Услуга: Супериор се вклучено-шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, ужина, чај, кафе, колачи, вечера, лесен полноќен оброк. Сите локални алхохолни и безалхохолни пијалоци, некои увозни алхохолни пијалоци, мини бар (се надополнува секој ден со безалкохолни пијалоци и пиво), собна послуга од 24.00 до 07.00 ч. не се наплатуваат. A’la Carte рестораните со претходна резервација, специјални вина, флаширани пијалоци,специјални виски, странски шампањ, цедени сокови дополнително се наплатуваат.
Содржини: Главен ресторан-шведска маса, A’la Carte ресторани со Турска, Морска, Италијанска и Азиска (далечен исток) кујна, 8 барови на повеќе локации во хотелскиот комплекс. Доктор, чување деца, фризер, перална,хемиско чистење, продавници, изнајмување кола, интернет, телефон се наплатуваат.
Плажа: Сопствена песочна плажа со пешкири, чадори и лежалки кои не се наплатуваат.
Спорт и забава: Отворени и затворени базени за возрасни и деца , лизгалки, фитнес центар, сауна, турска бања, тенис, пинг понг, кошарка, одбојка, мини фудбал, одбојка на плажа, мини голф, водени спортови. Осветлување за тениските терени, часови по тенис и опрема, масажа, козметички салон, моторизирани водени спортови, голф терени се наплатуваат.
Забавна програма во текот на денот и специјални шоу програми за деца и возрасни навечер. Мини клуб за деца 04-12 год.
www.letooniaresorts.com