Положба: Хотелот се наоѓа во областа Goynuk, 45 км од аеродромот во Анталија, 9 км од Кемер и 35 км од центарот на Анталија.
Сместување: Вкупен број на соби 542. Три типа на стандардни соби; 285 во главната зграда (26м²; 2+1 лица), 110 во Garden зградата (32м²; 2+1 лица); 94 странични соби (30м²; 2+1 лица); 29 трокреветни соби (30м²; макс. 3 лица); 12 фамилијарни соби (48м²; макс. 4 лица, две спални соби одвоени со врата); 4 Суит соби (50м²; една спална соба и една дневна со поглед на море); 4 соби за хендикепирани лица. Собите се со поглед на море, градина, базен или планина. Сите соби се доста комфорни со купатило со када, туш, фен, централна клима, телефон, мини бар (безалкохолни пијалоци и вода на пристигнување), сеф (се наплаќа), сателитска ТВ и музички канали, тепих на подот, балкон.
Услуга: Ултра Се вклучено - шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, во текот на денот ужини во снек рестораните, попладневен чај, кафе, колачи и доцна ноќна ужина, сладолед во Витамин бар од 13.00-15.00 ч. Сите локални алкохолни и безалкохолни пијалоци до 24 часот. A ‘la Carte ресторани со претходна резервација и со доплата, со доплата се и алкохолните пијалоци во A’la Carte ресторани со резервација, сите увозни пијалоци, сите пијалоци по 00.00 часот, свежо цедени сокови, сите флаширани пијалоци, специјалните вина, сладоледот надвор од одреденото време, услуга во соба, се наплатуваат.
Содржини: Главен ресторан-шведска маса, A’la Carte ресторани: La Brezza (Италијанска кујна), Lа Pescheur (отворен ресторан со морска храна), Anatolia ресторан (Турска кујна). Барови насекаде во хотелскиот комплекс, се служат пијалоци до 00.00 часот (само во Диско клубот до 02.00 часот). Доктор, чување деца, сервис за перење и пеглање, фризер, салон за убавина, продавници, телефон, факс, интернет, rent a car, се наплатуваат.
Плажа: Приватна плажа, песочна и со средно крупен песок, со лежалки, чадори за сонце и пешкири кои не се наплатуваат.
Спорт и забава: Отворен и затворен базен за возрасни и деца, водени лизгалици, фитнес центар, сауна, Турска бања, тениски игралишта, сквош, мал фудбал, кошарка, одбојка на плажа, аеробик во базен, стрелаштво, пикадо. Масажа, водени спортови, билијард, осветлување на тениските терени, часови по тенис, се наплатува.
Забавна програма преку целиот ден, натпревари и специјални програми за деца во мини клубот. Шоу програма навечер, Турска вечер еднаш неделно и жива музика три пати во неделата.
www.miradahotels.com