Положба: Хотелот се наоѓа во областа Лара, 10км од аеродромот во Анталија и 19км од центарот на Анталија.
Сместување: Вкупен број на соби 349. Стандардни соби523 (2+1 лица), 30 фамилијарни соби (една спална, една дневна и едно купатило), 12 Colonel suit (дневна, една спална со купатило и детска соба со купатило), 9 Junior suit соби ( макс. 4, една спална, една дневна и едно купатило), Admiral suit (се наоѓаат на најгорниот кат, една или две спални, дневна и две купатила), Претседателски suit (една пространа дневна соба со работна маса, маса за ручање, ТВ со голем екран, купатило со џакузи, спална соба која може да се поврзе со suitite околу и да се добијат 3 спални, пространа тераса), 5 Royal Select Villas во градина (на два спрата, две спални соби, една дневна, две купатила од кои едно со џакузи). Сите соби имаат балкон или тераса, со поглед на море или на копно, купатило со када, фен, телефон, централен клима систем, мини бар, сеф, тепих на под, сателутска ТВ.
Услуга: Ултра Се вклучено–шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, ужини покрај базен или на плажа, сладолед, полноќно бифе, мини бар во собите кој се надополнува секој ден. Сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци се бесплатни. Увозните пијалоци не се служат во главнот ресторан. Не е вклучено: увозно шампањско, локални и увезени квалитетни вина, коњак и 12 години старо виски, A’la Carte ресторани со претходна резервација и се наплатуваат, собна услуга од 07.00–02.00ч., свежо цедени сокови, телефон, фaкс, интернет, доцно пријавување и одјавување од хотел, менување пешкири за на плажа истиот ден.
Содржини: Главен ресторан Park Fora–шведска маса, A’la Carte ресторани– Barbeque, Hasir (Турска кујна), Capari (морска храна), Sapore (Италијанска кујна). Caprice пекара, барови околу целиот комплекс, Sailors бар во текот на денот, лоби бар, Диско бар. Сервис за храна и пијалоци од 07.00 – 03.00ч.
Продавници, фризер, перална и хемиско чистење, чување деца, количка за деца, интернет cafe и компјутерски игри дополнително се наплатуваат.
Плажа: Лара песочна плажа, хотелска приватна плажа со лежалки, чадори за сонце и пешкири кои не се наплатуваат.
Спорт и забава: Отворени и затворени базени, Олимписки базен, базен за деца, лизгалици на вода–Аква парк, тениски терени, сквош терен, кошарка, одбојка на плажа, фитнес центар, сауна, турска бања, џакузи, пинг-понг, пикадо, немоторизирани водени спортови. Осветлување на тениски терени, опрема за тенис, фудбалски терен, моторизирани водени спортови, куглање, билијард, масажа и SPA центар дополнително се наплатуваат.
Забавни програми бесплатно, натпревари во текот на денот, навечер музички шоуа. Мини клуб за деца со најразлични програми.
www.titanic.com.tr