Положба: Хотелот се наоѓа во областа Camyuva, 6км од Кемер и 65км од аеродромот во Анталија.
Сместување: Вкупен број на соби 184. Стандардни соби Тип 1-139 (24м², 2+1 лица), стандардни соби Тип 2-38 (31м², една голема соба со кревети на спрат, макс. 2+2 лица, суит соби 6 (36м², макс. 2+2 лица). Сите соби се со купатило со када, фен, клима сплит систем, телефон, мини бар (само вода при пристигнување), сеф (се наплатува), сателитска ТВ и музички канали, теписон на подот, балкон.
Услуга: Се вклучено-шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, ужина, полноќна ужина. Сите локални безалкохолни и алкохолни пијалоци од 10.00 часот до 23.30 ч. A‘la Сarte ресторани со претходна резервација. Сите увозни пијалоци, флашираните пијалоци, сите пијалоци во диско клубот, свежо цедениот сок, сите пијалоци и храна после 23.30 ч, сладолед, се наплатуваат.
Содржини: Главен ресторан Lilyum-шведска маса, A‘la Сarte ресторани, лоби бар, барови покрај базенот и на плажа, Диско бар. Доктор, чување деца, перална, фризер, шопинг центар, интернет и компјутерски игри се наплатуваат.
Плажа: Хотелска плажа со песок и ситни камчиња, на 150м. со лежалки, чадори за сонце и пешкири за плажа кои не се наплатуваат.
Спорт и забава: Отворен базен за возрасни и деца, затворен базен кој работи само во зимскиот период, фитнес центар, Турска бања, сауна, одбојка на плажа, пинг понг не се наплатуваат. Масажа, салон за убавина, водените спортови, билијард дополнително се наплатуваат.
Забавни програми во текот на денот, во вечерните часови шоу програми. Мини клуб за деца од 04-12 год.
www.wlwhitelilyum.com