Положба: Хотелот е лоциран во областа Kizilagac, 14 км од Манавгат и 80 км од аеродромот во Анталија.
Сместување: Вкупен број на соби 587. 239 стандардни соби во главната зграда (2+1, со поглед на копно или страничен поглед на море), 234 клубски стандардни соби на три спрата (поглед на копно, 2+1), 114 фамилијарни соби (2 спални соби со врата помеѓу нив, 2+2 лица). Сите соби се со купатило со када и фен, централна клима (работи во одредени часови според временските услови), телефон, мини бар, сеф, сателитска ТВ и музички канали, балкон.
Услуга: - Ултра Алл Инклузив – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, попладневно кафе, колачи и чај, вечера, доцна ноќна ужина, сладолед покрај базенот попладне, сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, A la carte ресторани со претходна резервација, се користи само еднаш за време на престојот. Специјалните увозни пијалоци, сите флаширани пијалоци дополнително се наплатуваат.
Содржини: Главен ресторан- шведска маса , А’la Carte ресторани- Турски, Италијански, Рибен, барови околу хотелскиот комплекс, диско клуб. Доктор, чување деца, фен, телефон, факс, интернет, компјутерски игри, перална, хемиско чистење, пеглање, продавници, rent a car, дополнително се наплатуваат.
Плажа: Хотелска приватна плажа, песочна и со ситни камчиња со лежалки, чадори за сонце и пешкири кои не се доплатуваат.
Спорт и забава: Отворени и затворени базени за возрасни и деца, Аква парк, Турска бања, сауна, фитнес центар, одбојка на плажа, тениски игралишта. Водените спортови, масажа, салон за убавина, осветлување за тениските терени, опрема и часови за тенис, билијард, дополнително се наплатува.
Забавна програма со професионална екипа во текот на денот и шоу програма навечер, мини клуб за деца од 04-11 години и Јуниор клуб за тинејџери од 12-16 год со специјална програма, кино и жива музика.
www.asteriahotels.com