Положба: Хотелот се наоѓа во областа Лара, 10км од центарот на градот и 8км од аеродромот во Анталија.
Сместување: Вкупен број на соби 534. Стандардни соби 280 (32м², 2+1 лица), Де лукс супериор соби 66 (46м², макс.4 лица), Фамилијарни супериор соби 171 (46м², макс. 4 лица), Јуниор суити 3 (92 м², макс. 4 лица), Фамилијарни суити 12 (123м², две спални, дневна, две купатила, макс. 5 лица), Кралски суити 2 (650м², две спални, дневна, голема тераса, макс. 6 лица). Сите соби се со балкон, поглед на море или градина, купатило со када, фен, централна клима, телефон, мини бар (вода, безалкохолни пијалоци и пиво се надополнуваат секој ден), сеф, интернет (се доплаќа), под со тепих, сателитска ТВ и радио.
Услуга: All Exclusive-Се вклучено-шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, ужини во текот на денот и доцна навечер, сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, собна услуга од 02.00-07.00 ч., A’la Carte ресторани со предходна резервација, мини бар во собите кој се дополнува секој ден со безалкохолни пијалоци и пиво. Дополнително се наплатува: VSOP коњак, премиум виски и локални, увозните специјални вина, енергетските напитоци и увозните пива, цигари, VIP extra A‘la Carte мени, сите флаширани пијалоци, свежо цеден сок, A’la Сarte ресторани.
Содржини: Главен ресторан- шведска маса, Moonflower Patisserie, A’la Carte ресторани-Sultan (Турска кујна), Olive garden (Италијанска кујна), Silk road (Мексиканска кујна) и Dynasty (Азиска кујна) со претходна резервација. Барови на различни локации во хотелскиот комплекс, White Disco bar. Доктор, перална и хемиско чистење, фризер, чување деца, телефон, факс, интернет кафе и компјутерски игри, шопинг центар дополнително се наплатуваат.
Плажа: Хотелска песочна плажа со пешкири, лежалки и чадори за сонце кои не се наплатуваат. Павиљоните покрај базен и на плажа се доплатуваат.
Спорт и забава: Отворени базени, базен за деца, 3 лизгалици на вода, џакузи во затворениот базен, тениски игралишта, пинг понг, мал фудбал, кошарка, одбојка, одбојка на плажа, пикадо, фитнес центар, сауна, Турска бања, немоторизирани водени спортови не се наплатуваат. Се доплаќа осветлувањето за тениските игралишта, часови по тенис, салон за убавина, SPA центарот, масажа, куглање, билијард, школа за нуркање, моторизирани водени спортови.
Забавна програма секој ден со натпревари и шоу програма навечер. Rixy club за деца од 04-12 години, специјално диско за деца, кино, аниматорско шоу. Rixy Land game park се наплатува.
www.rixos.com