ПАРАЛИЈА
ПАРАЛИЈА е сместена во прегратките на планината на 12-те богови Олимп и преставува прекрасна комбинација на планината и морето. Паралија е идеално место за патници кои сакаат да уживаат во пријатната медитеранска клима и убавата долга плажа. Неможе да не се споменат и локалните продавници кои располагаат со голем спектар на подароци, туристички материјали и фенси стоки (кожни производи, накит, облека, итн), но исто така и ноќниот живот со безброј барови, таверни, ресторани и ноќни клубови кои ја комплетираат туристички понуда на локацијата и ветуваат дека ќе го направат вашиот одмор незаборавен.
ВИЛА МАНОС
Вилата се наоѓа во центар на Паралиа на само 3 мин. од песочната плажа. Располага со убаво уредени трокреветни студија на прв кат. Сите студија се опремени со бања, комплетна кујна, ТВ, клима уред (се доплаќа), тераса.
НАПОМЕНА
- Цените се дадени по лице за 7 и 9 ноќевања со вклучен автобуски превоз.
- За пакет аранжман од 9 ноќи со сопствен превоз се одбива 15 еур од вкупната цена по лице.
- Задолжително здравствено и патничко осигурување 240 мкд (за лица до 65 години) за пакет аранжман од 7 ноќевања, и 310 мкд (за лица до 65 години) за пакет од 9 ноќевања
- Трето и четврто лице во АПП бесплатно сместување, плаќаат само превоз
- Цена за превоз за дете од 2-11.99 год.- 25 еур / 1.545 мкд
- Цена за превоз за возрасен 35 еур/ 2.163 мкд
- Вила Михалис и Вила Манос: доплата за клима 5 еур по соба на ден
- Користењето на собите започнува првиот ден од 14:00 по локално време, а се напуштаат во 09:00 по локално време последниот ден!
- За хигиената во собите за време на престојот се грижат самите гости, сите настанати штети за време на престојот се на товар на патниците!
- Поаѓање од Скопје од Автобуска Станица во 06:00 часот• Враќање последниот ден во попладневните часови!
ПРОГРАМА ЗА ПАТУВАЊЕ
- Состанок на групата 30 минути пред поаѓање на Главна Автобуска станица Скопје (перон 1 или 2)"
- Патување за наведената дестинација преку Граничен премин Богородица (Гевгелија)
- Пристигнување и сместување во одбраните капацитети
- Денови на престој (7 или 9)
- Поаѓање кон Македонија во попладневните часови
- Пристигнување во вечерните часови на Главна Автобуска Станица Скопје
ОПШТИ УСЛОВИ
- За ова патување потребен е валиден биометриски пасош (минимум важност 90 дена од денот на враќање во државата) и бел лист (виза не е потребна); не се потребни посебни вакцини."
- За резервација задолжително уплата аванс 30% од вкупниот износ, целосна доплата 7 дена пред патување.
- За резервации направени на EARLY BOOKING, целосна уплата до наведениот датум
- Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла т.е исклучиво оние лица кои се впишани на ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување повеќе лица од дозволеното, агенцијата или партнерот на истата има право да не ги смести лицата или да побара одреден финансиски надомест.
- За хигиената во собите за време на престојот се грижат самите гости
- Сите настанати штети за време на престојот се на товар на патниците. Сопствениците на вилите имаат право да побараат одреден паричен надомест за причинетата штета. При сместување ЗАДОЛЖИТЕЛНА проверка на состојбата на собите!
- Агенцијата организира превоз со придружник - пратител на групата, до место кое е најпогодно за застанување/паркирање на автобусот"
- Агенцијата/претставникот не се задолжени за транспорт на багажот на патниците од автобус - сместувачки капацитет"
- Агенцијата не може да гарантира стабилност, брзина или коректност на брзина на интернет во било кој од наведените сместувачки капацитети во понудата"
- Доплата на туристичка такса во сместувачките капацитети (0.5 - 3 еур по соба на ден)
- Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute! Претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на било какви промени во цената"
- Програмата е лекторирана од лектор Ана Бачваровска.
- За овој аранжман важат општите услови на патување на Фибула Ер Травел, побарајте ги во агенцијата."
- Цените се дадени по лице во евра, плаќањето е во денари (1 еур =61.8 мкд.)