ФУРКА
Едно од најпривлечните места, сместено на западната страна на полуостровот Касандра во областа Халкидики. Се наоѓа на 100 км од Солун, оддалечено 5 км од Сивири и 10 км од Калитеа, претставува идеално место за оние кои сакаат опуштено и мирно летување. Него го карактеризираат преубави песочни плажи, опкружени со бујна медитеранска вегетација, со кристално чиста и топла вода. Го препорачуваме за фамилијарни ,незаборавни одмори.
ВИЛА ПАЛАИС ДЕ ФУРКА
Се наоѓа на првиот влез во Фурка, во близина на црквата на само 1 минута од прекрасната песочна плажа, во мирен дел на градчето Фурка. Оддалечена е од центарот на Фурка околу 5 минути пешаќење. Опкружена со многу зеленило со голем приватен паркинг и содржини за деца во дворот.
Располага со четворокреветни апартмани на приземје и еден Мазонет со пет кревети, сите опремени со Тв, клима (вклучена во цената), тоалет, мини кујна комплетно опремена и големи тераси кон дворот со маса и столици. Wi-Fi интернет конекција.
НАПОМЕНА
- Цените се дадени по лице за 7 и 9 ноќевања со вклучен автобуски превоз.
- За пакет аранжман од 9 ноќи со сопствен превоз се одбива 15€ од вкупната цена по лице.
- Во мазонет се наплатуваат три полни суми, четврто и петто лице плаќаат само превоз.
- Трето и четврто лице во АПП: бесплатно сместување, плаќаат само превоз.
- Цена за превоз за дете од 2 год. - 11.99 год.: 25€ / 1.545мкд.
- Цена за превоз за возрасен: 35€ / 2.163мкд
- Користењето на собите започнува првиот ден од 14:00 часот по локално време, а се напуштаат во 09:00 часот по локално време последниот ден!
- Поаѓање од Скопје од Автобуска Станица во 05:00 часот. Враќање последниот ден во попладневните часови!
- Доплата за туристичка такса - 0.5€ по соба на ден. Се плаќа на рецепција.
ОПШТИ УСЛОВИ
- За резервација задолжително уплата аванс 30% од вкупниот износ, целосна доплата 7 дена пред патување.
- За резервации направени на EARLY BOOKING, целосна уплата до наведениот датум
- Задолжително здравствено и патничко осигурување 240 мкд (за лица до 65 години) за пакет аранжман од 7 ноќевања, и 310 мкд (за лица до 65 години) за пакет од 9 ноќевања.
- Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.
- Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.
- За хигиената во собите за време на престојот се грижат самите гости, сите настанати штети за време на престојот се на товар на патниците!
- Агенцијата организира превоз со придружник-пратител на групата, до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот
- За ова патување потребен е валиден биометриски пасош (минимум важност 90 дена од денот на враќање во државата) и бел лист (виза не е потребна); не се потребни посебни вакцини.
- За овој аранжман важат општите услови на патување на Фибула Ер Травел, побарајте ги во агенцијата.
- Цените се дадени по лице во евра, плаќањето е во денари (1 еур = 61.8 мкд.)
- т.а. „Фибула“ не може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда.
- Секој нов данок (за престој или слично) кој може да стапи на сила од јануари 2018 година ќе се плаќа по пристигнување во хотелот или апартманот директно од клиентот
- Патниците се должни да се јават во агенцијата неколку дена пред поаѓање да се информираат за времето на поаѓање
- Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.
- Програмата е лекторирана од лектор Ана Бачваровска.
- Во смените означени со (*) - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПОПУСТ НЕ ВАЖИ
ПРОГРАМА ЗА ПАТУВАЊЕ
- Состанок на групата 30 мин пред поаѓање на Главна Автобуска Станица Скопје (на перон 1 или 2)
- Поаѓање за наведената дестинација преку Граничен Премин Богородица
- Пристигнување и сместување во одбраните капацитети
- Денови на престој (7 или 9)
- Последниот ден собите се напуштаат во договорено време (наведено во куќен ред)
- Попладневните часови поаѓање за Македонија
- Пристигнување во вечерните часови на Главна Автобуска Станица Скопје