Безбедност на аеродромите

Важни обврски кои мора патникот да ги провери пред својот лет:
Кога купувате авионски билет, не заборавајте да го проверите времето кога треба да бидете на аеродром пред време за лет. За ваша сопствена безбедност, ве молиме сами да си го подготвите вашиот багаж и не прифаќајте предмети или пакувања што ви се дадени за да се достават до трето лице.

Добијте инфомации од авионската компанија во врска со безбедносните мерки за дестинацијата како и за земјата од која патувате.

COVID-19 | Патувај безбедно

1
Како се одредени мерките за претпазливост против Covid 19?

Авијацијата е високо регулирана индустрија поради глобалниот карактер на бизнисот. Во Турција, мерките за претпазливост што се преземаат против Covid 19 на аеродромите се дефинирани со “Циркуларот за аеродромски пандемиски мерки за претпазливост и сертификација“, издаден од Генералниот директорат за цивилно воздухопловство. На нашиот аеродром овие мерки за препазливост се воведени во целост. Како ТАВ аеродроми, нашата глобална стапка достигнува до 100 аеродроми во 30 држави. Преку ова знаење, ние спроведовме мерки на претпазливост што ги надминуваат законските регулативи. Нашиот персонал е обучен за сите нови регулативи и кодекс на однесување.

2
Кои мерки за претпазливост се преземани за сопирање на ширењето на Covid 19.

Мерките за претпазливост во нашиот аеродром може да бидат групирани во три главни области. Прво, го мапиравме движењето на патниците и вработените во аеродромот и обезбедивме проток што ќе им овозможи на сите да одржуваат безбедна физичка оддалеченост од другите во секој чекор од патувањето. Второ, ја зголемивме зачестеноста за дезинфекциските и хигиенските работи. Трето, направивме аранжмани за да се минимизира контактот меѓу патниците и персоналот на аеродром.

3
Дали мора да се носи заштитна маска внатре во терминалите ?

За да се заштитите себеси и другите, се бара да се носат маски во текот на целото време додека сте во аеродромот. На патниците без маска нема да им биде дозволен влез во терминалот и нема да може да влезат во авион. Непочитувањата на овие правила може да резултираат со казни. Љубезно ве потсетуваме да носите маски за време на патувањето од и до аеродромот со јавен превоз.

4
Дали има измени во процедурата за чекирање на билети?

Не, сеуште може да чекирате билет за вашиот лет кога ќе пристигнете на терминалот. Од друга страна, за побрзо и побезбедно искуство, кога е тоа можно ви препорачуваме да го извршите вашето чекирање преку интернет , пред да пристигнете на аеродром.

5
Дали има измени во безбедносната проверка?

Имплементиравме знаци за да можете да го задржите физичкото растојание од другите за време на безбедносната контрола. Ве молиме да се придржувате до упатствата. Скенер системот се дезинфицира зачестено. При влез во терминалот со термална камера ќе биде проверувана телесната температура од патниците. Секој со телесна температура на 37.5 C ќе биде упатен до здравствена институција. Љубезно ве потсетуваме да ја ставите маската за лице при влез во терминалната зграда.

6
Сакам да придружувам или да пречекам гости. Дали може да влезам во терминалната зграда?

До наредна инфомација, само патници и вработани во аеродормот можат да влезат во терминалот. За пречекување гости, ве молиме да чекате на паркинг.

7
Колку часа пред време за лет треба да пристигнам на терминал?

Ви препорачуваме да бидете најмалку 2 часа пред време за лет за домашни летови, и 3 часа за интернационални летови.

8
Кои мерки за препазливост се преземани во чекалната?

Чекалната во нашиот аеродром е обезбедена со цел да се одржува безбедно физичко растојание од другите. Ве молиме да ги почитувате знаците и правилата. Во оваа фаза, некои од услугите во нашиот аеродром може да бидат затворени.

9
Кои мерки за претпазливост се преземани во делот за храна и пијалоци?

Делот за храна и пијалоци во нашиот аеродром е обезбеден со цел да се одржува безбедно физичко растојание од другите. Ве молиме да ги почитувате знаците и правилата. Делот за храна и пијалоци, кујната и делот за складирање зачестено се дезинфицираат. Ви препорачуваме да користите бесконтактно плаќање.

10
Кои мерки за препазливост се преземани во делот за бесцаринско купување?

Делот за бесцаринско купување во нашиот аеродром е обезбеден со цел да се одржува безбедно физичко растојание од другите. Ве молиме да ги почитувате знаците и правилата. Носење заштитна маска е задолжително. Делот за бесцаринско купување и делот за складирање зачестено се дезинфицираат. Ви препорачуваме да користите бесконтактно плаќање.

11
Кои мерки за претпазливост се преземани во делот за молитва ?

Делот за молитва во нашиот аеродром е обезбеден со цел да се одржува безбедно физичко растојание од другите. Ве молиме да ги почитувате знаците и правилата.

12
Кои се новите правила при влез во авион?

Сите делови за чекање во нашиот аеродром се обезбедени со цел да се одржува безбедно физичко растојание од другите. Ве молиме да ги почитувате знаците и правилата. Влегувањето во авион ќе започне од задниот дел на авионот и ќе продолжи кон предните редови. Ве молиме чекајте на вашиот ред. Влегувањето и проверката на документите за идентификација е обезбедено со цел да се минимизира контакт со другите. Патници без заштитна маска нема да може да влезат во авион.

13
Кои мерки за претпазливост се преземени за патниците кои пристигнуваат ?

На патниците кои пристигнуваат со меѓународни летови ќе им биде проверувана телесна температура. Во случаите кај кои има сомневање, ќе бидат упатени до здравствена институција. Сите делови за пристигнување на патници се обезбедени со цел да се одржува безбедно физичко растојание од другите. Ве молиме да ги почитувате знаците и правилата. Системот за справување со багаж зачестено се дезинфицира.

Контакт Информации
  • Travel Agency 1
    • Скопје Центар
    • Ул. Никола Вапцаров бр. 22, 1000 Скопје, Р. Македонија
    • +389 2 3238 081
    • +389 2 3238 082
    • fibula@t.mk
  • Travel Agency 2
    • Скопје Аеродром
    • Бул. Јане Сандански бр. 82/1/7, Скопје, Р. Македонија
    • +389 2 2437 606
    • +389 2 2456 353
    • fibulabiser@t.mk
  • Travel Agency 3
    • Охрид
    • Ул. Македонски Просветители бр. 14А, 6000 Охрид, Р. Македонија
    • +389 46 250 745
    • fibulaohrid@t.mk
  • Travel Agency 4
    • Куманово
    • Ул. III Македонска Ударна Бригада бр. 52, 1300 Куманово, Р. Македонија
    • +389 31 420 220
    • fibulakumanovo@t.mk