Атина

Дочек на нова 2020 година

Атина - главен град и најголем во Грција колевка на модерната цивилизација. Атина е космополитски град додека пак старогрчка Атина била моќен град -држава - родно место на Сократ, Перикле, Софокле. Атина е еден од најстарите светски градови, чија историја бележи преку 3.400г. Градот го добил името по божицата заштитничка Атина.

За историјата на човештвото е значајна, бидејќи тука се поставени темелите на парламентарната демократија и слободните избори. Но сепак, прва асоцијација при спомнувањето на Атина е Акропол со Партенон, како најголем и најзначаен храм кој доминира со Атина две и пол илјади години. Град на историја но и престолнина за добар провод. Атина е секогаш доживување, посебно во ноќните часови. Затоа ви ја нудимеможноста да ја почувствувате магијата на грчката престолнина, што ќе го направи вашиот престој незаборавен.

landmark
 

Автобуски превоз

Вклучен повратен превоз со високо туристички автобус.

 

4 дена / 2 ноќи

2 ноќевања со појадок во хотел Athens Coast Hotel 3* во Глифада

 

Со појадок

Услугата е на база ноќевање со појадок.

 

Цена од 109€

Плаќањето е задолжително во денари и се пресметува по курс 1€ = 61.8 мкд (Цена во денари: 6.736 мкд)

Атина - 4 дена / 2 ноќи

Програма за патување

Ден 1
29 Декември, 2019
Недела

Поаѓање во 21:00 часот од автобуската станица на перонот за меѓународни поаѓања. Гранични и царински формалности. Ноќно возење низ Грција со попатни паузи за одмор.

day1
day2
Ден 2
30 Декември, 2019
Понеделник

Пристигнување во Атина во предпладневните часови. Панорамско разгледување на градот (Плоштадот Омониа, Плоштадот Синтагма каде се наоѓа Парламентот и стражата на Евзони, Олимпискиот стадион, Зевсовиот храм, Хадријановата врата, Бајроновиот споменик, Националната библиотека, универзитет...) Акропол (Пропилеј, Партенон, Ерџтејон...) Сместување во хотел. Слободно попладне.Индивидуално, прошетка низ прекрасната Глифада.Ноќевање.

Ден 3
31 Декември, 2019
Вторник

Појадок. Факултативна –еднодневна екскурзија до Пелопонез со водич. Се поминува Коринтскиот канал, кој го соединува Саронскиот залив на Егејското море и Лахејскиот залив на Јонското море од каде се оди до островот Пелопонез. Ке имате можност да направите преубави фотографии од мостот над самиот канал. Се посетува и Епидавар -родното место на Асклепии, бог-лечител од митологијата. Тука се наоѓа и најубавиот антички театар со неверојатна акустика. Се продложува кон Нафплио -првата столица на новата Грчка држава. Се посетува златниот град Микена -град на легендарниот цар Агамемнон, откриен од археологот Хајнрих Шлиман воедно претставува најважен археолошки објект во Грција. Ќе ја видите величестевната лавовска порта на влезот од микенската тврдина, руините од дворецот и царските гробници, како и гробницата на Агамемнон. Враќање во хотел. Факултативно. ДОЧЕК НА НОВА ГОДИНА во ресторан или таверна. Ноќевање.

day3
day4
Ден 4
01 Јануари, 2020
Среда

Појадок. Одјавување од хотел. Попладне, факултативно -посета на Сунион, најјужната точка на Атика (Посејдоновиот храм, Аполоновиот брег и Глифада)Попатно, пауза за фотографирање на езерото Вулиагмени. Поаѓање за Скопје во пладневните часови по договор. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови.

 
Во цената се вклучени следните услуги:
  •  
    Превоз со високо туристички автобус
  •  
    2 ноќевања со појадок в охотел 3* Athens Coasth Hotel 3* во Глифада
  •  
    Организиран разглед на градот со локален водич
  •  
    Организација и водство на патувањето
 
Во цената не се вклучени следните услуги:
  •  
    Целодневна екскурзија (АРГОЛИДА) до Пелопонез (25€ со превоз и водич) влезниците се наплатуваат дополнително Микена (6€) и Епидавр(6€)
  •  
    Новогодишна вечера (30€)
  •  
    Влезници за посета на локалитетите со водич: Акропол(10€)
  •  
    Сунион (10€ со водич и превоз)
  •  
    Патничко - здравствено осигурување (123 мкд)
  •  
    Туристичка такса 3€ на ден по соба се плаќа во хотелот на рецепција
 
Повеќе информации:
  •  
    За реализација на факултативните екскурзии потребно е минимум од 25 патници
  •  
    Плаќањето е задолжително во денари (1 еур = 61.8 мкд).
  •  
    За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност 90 дена од денот на патувањето.
  •  
    Kраен рок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата 7 дена пред патување.
  •  
    За резервација задолжителна уплата од 30% од вкупниот износ, целосна доплата 15 дена пред патување.
  •  
    За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници.
  •  
    За овој аранжман важат општите услови на патување на Фибула Ер Травел и СКТМ.