Leto 2020

Соопштение

Имајќи ја предвид моменталната состојба предизвикана од појавата и ширењето на вирусот COVID 19, прогласената пандемија на светско ниво од страна на Светската здравствена организација, како и неизвесноста од понатамошната состојба со ширење на вирусот COVID 19 на светско ниво, го истакнуваме следново:

Сите туристички аранжмани заклучно со 30ти септември 2020 година за престојната сезона - лето 2020 Грција се откажани и истите нема да се реализираат во утврдените термини.

За откажаните туристички аранжмани туристичката агенција Фибула Скопје („Фибула“) ќе им издаде на патниците вредносни ваучери, по претходен контакт на патниците до Фибула.

Имено, Владата на Република Северна Македонија, на седница одржана на 24 март 2020 година, донесе Уредба со законска сила за примена на Законот за туристичката дејност за време на вонредната состојба, објавена во „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.80/20 (во понатамошниот текст ,,Уредбата“).

Уредбата предвидува обврска за туристичките агенции за издавање на ваучери на патниците во случај на откажување на туристичките агенции на своите аранжмани.

За таа цел, врз основа на примена на одредбите од Уредбата и врз основа на мислењето дадено од страна на Министерството за економија – сектор за туризам и угостителство, во продолжение Ви ги презентираме условите и начинот за подигнување и користење на ваучерите:

  • Сите туристички агенции кои ги имаат откажано своите аранжмани за време на траење на вонредната состојба се должни да издадат нов ваучер на корисникот на ваучерот (патникот) за туристичкиот аранжман;
  • Ваучерите ќе се издаваат во три примероци, со рок на важење најдоцна до 31.12.2021 година. (еден примерок од Ваучерот ќе се достави и до Министерството за економија заради евиденција);
  • Начинот на издавање на Ваучерите ќе се реализира во согласност со двете страни, односно туристичката агенција и корисникот на ваучерот (патникот) ќе се договорат за: дестинацијата, терминот на поаѓање, времетраење на аранжманот;
  • Издадениот ваучер, патникот ќе има можност да го искористи за аранжмани достапни во понудата на туристичката агенција (носител на аранжманот);
  • Ваучерите кои ќе бидат издадени и гласат на име на патникот кој извршил уплата/резервација, можат да бидат преносливи односно Ваучерот може да се искористи и од страна на друг патник (по договор меѓу патникот и туристичката агенција).

Информациите дадени во ова соопштение се однесуваат за сите патници, кои имаат уплатени туристички аранжмани за лето 2020-Грција.

Важна напомена: Во случај на отварање на сезоната - лето 2020 Грција и доколку постојат услови за реализирање на патувањата кон Република Грција, патниците можат, по претходна најава во агенцијата и по договор со агенцијата да го искористат ваучерот како платежно средство за истите термини за кои имаат уплатено или за друг термин.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 


Kontakt Informacii
  • Travel Agency 1
    • Скопје Центар
    • Ул. Никола Вапцаров бр. 22, 1000 Скопје, Р. Македонија
    • +389 2 3238 081
    • +389 2 3238 082
    • fibula@t.mk
  • Travel Agency 2
    • Скопје Аеродром
    • Бул. Јане Сандански бр. 82/1/7, Скопје, Р. Македонија
    • +389 2 2437 606
    • +389 2 2456 353
    • fibulabiser@t.mk
  • Travel Agency 3
    • Охрид
    • Ул. Македонски Просветители бр. 14А, 6000 Охрид, Р. Македонија
    • +389 46 250 745
    • fibulaohrid@t.mk
  • Travel Agency 4
    • Куманово
    • Ул. III Македонска Ударна Бригада бр. 52, 1300 Куманово, Р. Македонија
    • +389 31 420 220
    • fibulakumanovo@t.mk