Истанбул

Дочек на нова 2020 година

Истанбул - најкосмополитски град во светот, град на контрасти, единствен град кој ги преплавува сите сетила. Истанбул пречекува опсипан со светлина, град кој никогаш не спие - улици полни со весели и насмеани луѓе, шаренило од бои, мириси, идеален спој на култура и религија, место на кое се состануваат Европа и Азија.

Тука на неопислив начин се спојуваат традиционалниот и модерен дух, опуштеноста и динамичноста... и по единствениот алхемиски рецепт создаваат неизмерно фасцинантен и возбудлив град, град во кој некогаш мора да зачекорите...

landmark
 

Авионски превоз

Вклучен повратен авионски билет со Turkish Airlines.

 

4 дена / 3 ноќи

3 ноќевања со појадок во хотел Hotel Glorious 3+* или Grand Washington Hotel 4*

 

Со појадок

Услугата е на база ноќевање со појадок.

 

Цена од 215€

Плаќањето е задолжително во денари и се пресметува по курс 1€ = 61.8 мкд (Цена во денари: 13.287 мкд)

Истанбул - 4 дена / 3 ноќи

Програма за патување

Ден 1
29 Декември, 2019
Недела

Состанок на групата на аеродром два часа пред полетување. Полетување со Turkish Airlines во 09:05 со бр. на лет TK 1004.

Слетување во Истанбул во 12:45 и организиран трансфер од аеродром до хотел. Сместување во хотел.

Слободно попладне за индивидуални активности: Прошетка по Лалели, посета на некој од познатите трговски центри како на пример Форум со можност за посета на Аквариумот или посета на Азискиот дел на Истанбул со метро преку подводниот тунел под Босфор-Мармарис. Ноќевање.

day1
day2
Ден 2
30 Декември, 2019
Понеделник

Појадок. По појадокот, факултативно - разглед на градот со стручен водич. Посета и влез во локалитетите:

Султановиот дворец опкружен со море од сите страни. Топ Капи Палатата – музеј со непроценлива колекција на споменици и уметнички дела – сегашниот изглед на Палатата датира од времето на Сулејман Величествениот.

Џамијата Султан Ахмед наречена и Сина Џамија поради своите бои: сина, зелена и бела, Црквата Аја Софија, подоцна пренаменета во џамија, а денес работи како музеј. Посета на Цариградската Патријаршија позната и како Вселенска Патријаршија, една од 14-те Автокефални православни цркви. Посета на Pierre Loti, познато место од каде се пружа најубавиот поглед на Истанбул.

Враќање во хотел или предлог: шопинг во Капали Чаршија, една од најстарите и најголемите покриени пазари во светот со повеќе од 1200 улици. ФАКУЛТАТИВНО – Да се доживее Истанбул ноќе: Предновогодишна забава на брод TURNA TUR или PEREME TOUR (со вечера, пијалок и ориентална програма со музика и танчерки или посета на ресторан). Враќање во хотел. Ноќевање.

Ден 3
31 Декември, 2019
Вторник

Појадок. Факултативна посета на најубавата султанска палата со непроценливо богатство (Палатата Долма Бахче Сарај) со стручен водич. Факултативно крстарење со брод по Босфор, со панорамски разглед на палатите од двете страни на каналот и мостовите кои ги поврзуваат Европа и Азија.

Враќање во хотел или слободно попладне за шопинг и прошетка на познатата улица Истиклал на Таксим, или посета на трговскиот центар Џевахир.

Предлог: ДОЧЕК НА НОВА ГОДИНА на отворено во монденскиот дел на Истанбул - Ортакој познат како Истанбулски Монмартр (индивидуално). Враќање во хотел. Ноќевање.

day3
day4
Ден 4
01 Јануари, 2020
Среда

Појадок. Одјавување од хотел до 12:00. Слободно претпладне за индивидуални активности.

Предлог: Посета на трговскиот центар Sapphire сместен во највисоката зграда во Европа (236м) од каде се пружа прекрасна панорамска глетка на Истанбул. Виртуелна прошетка низ Истанбул со хеликоптер во 4D кино. (надлетување на најзначајните историски обележја: Аја Софија, Топ Капи, Моминската кула, Босфор, Цистерната, Галата мостот).

Враќање во хотел. Организиран трансфер од хотел до аеродром околу 16:30. Полетување за Скопје во 20:10 со бр. на лет ТК 1005. Слетување во Скопје во 19:50.

 
Во цената се вклучени следните услуги:
  •  
    Авио билет: Скопје - Истанбул - Скопје
  •  
    3 ноќевања со појадок во хотел Hotel Glorious 3+* или Grand Washington Hotel 4*
  •  
    Организиран трансфер: аеродром - хотел - аеродром
  •  
    Организација и пратител на патувањето
 
Во цената не се вклучени следните услуги:
  •  
    Аеродромски такси 121€ – 7478 мкд
  •  
    Целодневен разглед на градот со локален водич, превоз и влезници за Топ Капи и Аја Софија (65€)
  •  
    Посета на Палатата Долма Бахче и крстарење по Босфор (68€ со вклучена влезница, превоз и водич)
  •  
    Предновогодишна забава на луксузен брод или ресторан (вечера, пијалок, ориентална програма и трансфер)
  •  
    Патничко и здравствено одигурување 185 мкд
 
Повеќе информации:
  •  
    Плаќањето е задолжително во денари (1 еур = 61.8 мкд)
  •  
    За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност 6 месеци од денот на патувањето
  •  
    Краен рок за пријавување 15.12.2019, Kраен рок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата 7 дена пред патување
  •  
    За резервација задолжителна уплата од 30% од вкупниот износ, целосна доплата 7 дена пред патување
  •  
    За реализација на аранжманот потребен е минимум од 25 патници
  •  
    За овој аранжман важат општите услови на патување на Фибула Ер Травел и СКТМ