Истанбул

Велигден во Истанбул

Истанбул - најкосмополитски град во светот, град на контрасти, единствен град кој ги преплавува сите сетила. Истанбул пречекува опсипан со светлина, град кој никогаш не спие - улици полни со весели и насмеани луѓе, шаренило од бои, мириси, идеален спој на култура и религија, место на кое се состануваат Европа и Азија.

Тука на неопислив начин се спојуваат традиционалниот и модерен дух, опуштеноста и динамичноста... и по единствениот алхемиски рецепт создаваат неизмерно фасцинантен и возбудлив град, град во кој некогаш мора да зачекорите...

landmark
 

Авионски превоз

Вклучен повратен авионски билет со Turkish Airlines.

 

4 дена / 3 ноќи

3 ноќевања со појадок во хотел или Grand Washington Hotel 4*

 

Со појадок

Услугата е на база ноќевање со појадок.

 

Цена од 229€

Плаќањето е задолжително во денари и се пресметува по курс 1€ = 61.8 мкд (Цена во денари: 14.152 мкд)

Истанбул - 4 дена / 3 ноќи

Програма за патување

Ден 1
17 Април, 2020
Петок

Состанок на групата на аеродром два часа пред полетување. Полетување со Turkish Airlines во 09:15 со бр. на лет TK 1004. Слетување во Истанбул во 11:50 и организиран трансфер од аеродром до хотел. Сместување во хотел.

Слободно попладне за индивидуални активности: Предлог - Прошетка по Лалели, посета на некој од познатите трговски центри како на пример Форум со можност за посета на Аквариумот, посета на Азискиот дел на Истанбул со метро преку подводниот тунел под Босфор - Мармарис, Посета на Karakoy – место со премногу улички со кафичи, една од нив е познатата улица на чадорите. Ноќевање.

 

day1
day2
Ден 2
18 Април, 2020
Сабота

Појадок. По појадокот, Факултативно- разглед на градот со стручен водич: Посета и влез во локалитетите: Султановиот дворец опкружен со море од сите страни Топ Капи Палатата – музеј со непроценлива колекција на споменици и уметнички дела, во неа е изложен мечот на пророкот Мухамед и најголемиот дијамант на светот. Сегашниот изглед на Палатата датира од времето на Сулејман Величествениот;

Џамијата Султан Ахмед наречена и Сина Џамија поради своите бои: сина, зелена и бела, последна импресивна градба на Отоманската религиска архитектура, единствена џамија со 6 минариња; Црквата Аја Софија, подоцна пренаменета во џамија, а денес работи како музеј, Посета на Цариградската Патријаршија позната и како Вселенска Патријаршија, една од 14-те Автокефални православни цркви, Посета на Pierre Loti, познато место од каде се пружа најубавиот поглед на Истанбул.

Враќање во хотел или Предлог: шопинг во Капали Чаршија, една од најстарите и најголемите покриени пазари во светот со повеќе од 3000 продавници кои привлекуваат илјадници туристи. Ноќевање.

Ден 3
19 Април, 2020
Недела

Појадок. Факултативна посета на најубавата султанска палата Палатата Долма Бахче Сарај со стручен водич. Градена во Европски стил во 19 век е една од најгламурозните палати во светот, се во Палатата зрачи со луксуз. Била административен центар на крајот на Отоманската империја со последниот Султан кој живеел во неа, а денес е претворена во музеј кој содржи уметничко историски збирки со непроценливо богатство.

Факултативно крстарење со брод по Босфор, со панорамски разглед на палатите од двете страни на каналот: Палатата Долма Бахче, Јилдиз Палатата , Белербеј Палатата која се наоѓа покрај самиот мост од Азиската страна и мостовите кои ги поврзуваат Европа и Азија. Враќање во хотел или слободно попладне за посета на монденскиот дел на Истанбул-Ортакој познат како Истанбулски Монмартр, шопинг и прошетка на познатата улица Истиклал на Таксим, или посета на трговскиот центар Џевахир.

ФАКУЛТАТИВНО – Да се доживее Истанбул ноќе-прекрасна ноќна панорама на Истанбул - Забава на брод PEREME TOUR : со вечера, пијалок и ориентална програма со музика и танчерки. Враќање во хотел. Ноќевање.

day3
day4
Ден 4
20 Април, 2020
Понеделник

Појадок. Одјавување од хотел до 12:00. Слободно претпладне за индивидуални активности. Предлог: Посета на трговскиот центар Sapphire сместен во највисоката зграда во Европа (236 м) од каде се пружа прекрасна панорамска глетка на Истанбул. Виртуелна прошетка низ Истанбул со хеликоптер во 4D кино. (надлетување на најзначајните историски обележја: Аја Софија, Топ Капи, Моминската кула, Босфор, Цистерната, Галата мостот...)

Враќање во хотел. Организиран трансфер од хотел до аеродром околу 16:00. Полетување за Скопје во 19:30 со бр. на лет ТК 1005. Слетување во Скопје во 20:00.

 
Во цената се вклучени следните услуги:
  •  
    Авио билет: Скопје - Истанбул - Скопје
  •  
    3 ноќевања со појадок во хотел Grand Washington Hotel 4*
  •  
    Организиран трансфер: аеродром - хотел - аеродром
  •  
    Организација и пратител на патувањето
 
Во цената не се вклучени следните услуги:
  •  
    Аеродромски такси 129€ – 7972 мкд
  •  
    Целодневен разглед на градот со локален водич, превоз и влезници за Топ Капи и Аја Софија (65€)
  •  
    Посета на Палатата Долма Бахче и крстарење по Босфор (68€ со вклучена влезница, превоз и водич)
  •  
    Забава на луксузен брод PEREME TOUR – 50€ (вечера, пијалок, ориентална програма и трансфер)
  •  
    Патничко и здравствено одигурување 185 мкд
 
Повеќе информации:
  •  
    Плаќањето е задолжително во денари (1€ = 61.8 мкд)
  •  
    За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност 6 месеци од денот на патувањето
  •  
    Краен рок за пријавување 05.04.2019, Kраен рок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата 7 дена пред патување
  •  
    За резервација задолжителна уплата од 30% од вкупниот износ, целосна доплата 7 дена пред патување
  •  
    За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници
  •  
    За овој аранжман важат општите услови на патување на Фибула Ер Травел и СКТМ


Kontakt Informacii
  • Travel Agency 1
    • Скопје Центар
    • Ул. Никола Вапцаров бр. 22, 1000 Скопје, Р. Македонија
    • +389 2 3238 081
    • +389 2 3238 082
    • fibula@t.mk
  • Travel Agency 2
    • Скопје Аеродром
    • Бул. Јане Сандански бр. 82/1/7, Скопје, Р. Македонија
    • +389 2 2437 606
    • +389 2 2456 353
    • fibulabiser@t.mk
  • Travel Agency 3
    • Охрид
    • Ул. Македонски Просветители бр. 14А, 6000 Охрид, Р. Македонија
    • +389 46 250 745
    • fibulaohrid@t.mk
  • Travel Agency 4
    • Куманово
    • Ул. III Македонска Ударна Бригада бр. 52, 1300 Куманово, Р. Македонија
    • +389 31 420 220
    • fibulakumanovo@t.mk