КУБА
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ
Државата Куба се наоѓа на најголемиот остров на Карипското Море,како и на помали островчиња кои се во непосредна близина,освен заливот Гуантанамо.Куба е шеснаесетиот остров по големина во целиот свет. Најголем дел од островот е рамница,но има во југоисточниот дел и планини со највисок врв Пико Реал де Туркино,висок 2.005 метри.Должина на брегот изнесува 3.740 километри.Хавана е главниот град .Архитектурата датира од периодот на колонизација ,плоштадите,улиците,продавниците,катедралите,парковите...се во Хавана е поразлично од она што досега сме го виделе.Посебно внимание привлекува Стариот град кој е под заштита на UNESCO. Варадеро е главниот туристички град во Куба,се наоѓа на 140 километри од источно од Хавана на полуостровот Хикакос.На посетителите им нуди 20 километри најубави песочни плажи.
КЛИМА
Климата е тропска и одлична за одгледување на шекерна трска.Сушната сезона почнува од Ноември и трае до Април,а влажната од Мај до Октомври,со средна годишна температура од 25 степени.Во август,септември о октомври можно е повремено да се јавуваат урагани.Висока туристичка сезона во Куба е во период од декември до април.
KУБА Е ПОЗНАТА ПО:
- -Цигарите односно пурите од кои се издвојуваат брендовите Хавана,Монте Кристо,Кохиба Партага.
- -Румот,од кои најпознати се Клуб Хавана,и се произведува од со ферментација од сирупот од шеќерна трска.
- -Кубанската музика и ритам кои се производ од мешавина на многу музишки жанрови,афрички,шпански и латиноамерички,како на пример,мамбо,конга,румба,ча-ча-ла,нуева трова,хабанера и многу други...
- -Старите амерички автомобили(нарочито Шевролет) забрането е да се извезуваат.
АТРАКЦИИ НА ОСТРОВОТ:
- Баракоа-за љубителите на природа
- Заливот на свињите-Музеј на плажа Гирон(Плажата Гирон)
- Капитолио-во центарот на Хавана
- Кастиљо де ла Реал Фуерца-замок и музеј за бродоградба
- Музејот на Револуцијата-Хавана
- Кајо Ларго-најубавата плажа на која се доаѓа само со авион
- Санта Клара-музеј,споменик и мавзолеј на Че Гевара
ВИЗА
Виза за влез во Куба е потребна и се плаќа на излез од Куба,чини од 15-25 еур.
Валута е кубански пезос CUP или кубански конвертибилен пезос CUC-го користат само туристите
ХОТЕЛИ
цени од
85€
Елегантен хотел со 5 * со 427 соби,се наоѓа во центарот на Хавана ,на многу добра локација за оние кои сакаат да ги видат сите знаменитости на градот.На своите гости нуди 3 ресторани,4 бара,2 базени со џакузи на најгорната тераса од хотелот.Појадокот е шведска маса.
цени од
75€
Хотелот прима гости само над 16 години.Хотелскиот ресорт се наоѓа во многу голема градина со егзотична тропска вегетација,располага со 350 соби.
цени од
79€
Лоциран на многу убава плажа во Варадеро , опкружен со широки градини,овој хотел нуди спокоен одмор.
цени од
98€
Директно излегува на песочна плажа,на 15 километри од центарот на Варадеро.Модерен хотел кој се препорачува на семејства.
цени од
155€
Нов и одличен ресорт кој се наоѓа на две преубави плажи со префинет ситен песок.Инфинити базенот е со поглед на Карипското море.Опкружен со богата тропска вегетација а она што го краси се и ултра модерно опремени соби.
цени од
166€
Префинет ,луксузен хотел со услуга на многу високо ниво.Опуштената атмосвера,спектакуларниот поглед,приватноста но и забавата ,романтичната атмосвера тое се тие елементи сто го красат овој хотел и прават да биде единствен...
ПРОГРАМА ЗА ПАТУВАЊЕ:
Прв ден : Скопје-Истанбул-Хавана со Туркиш Ерлајн преку Истанбул
Втор до последен ден : престој во одбран хотел
Последен ден: Хавана-Истанбул-Скопје со Туркиш Ерлајн преку Истанбул
Цена на авионскиот билет со вклучени аеродромски такси: 1036 еур во тотал
Во можност сме да организираме и повратен превоз од аеродром до хотелитe
Цената зависи од период на патување и слободни места .