МАЛДИВИ

 

 

ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Се наоѓаат на 700 километри во Индискиот Океан југозападно од Индија.На 2.000 метри длабочина се издига планината Лакадиви и Малдиви.Малдивите се состојат од 1.190 острови и 26 природни  атоли,секој опкружен со корални гребени.Водената површина на архипелагот изнесува 100.000 километри додека копнената површина е само 300 километри.Кај повеќето острови надморската висина не изнесува повеќе од 2 метри.Планини и реки на овие острови не постојат,но изобилуваат со кокосови ореви,песочни плажи и тиркизни лагуни со кристално чиста вода.

Малдивите се најпознати и популарни кај оние кои сакаат нуркање.Секој остров и хотел има свој центар и школа за нуркање .На 103 острови се наоѓаат туристички ресорти,а на 202 живеат мештани.На Малдивите живеат 400.000 жители од кои 100.000 живеат во главниот град Мале.Жителите се од муслиманска вероисповед.Јазикот на кој зборуваат е Dhivehi,а службен јазик е англиски.

КЛИМА И ОБЛЕКА

На Малдивите летото никогаш не завршува.Преку целата година е топло со мала промена на температурата во време на монсунските периоди.Североисточниот монсун кој почнува во октомври и завршува до април најчесто е сув со малку ветар,додека југозападниот  кој трае од мај до октомври може да донесе ветар и дожд.Дневните температури се движат од 25-30 степени .Влажноста на воздухот од 80 % лесно се поднесува благодарение на благите ветренца и сенките од палмите.Врнежите се кратки и ретки но со јак интензитет.

Спакувајте си тенка  платнена облека,а за навечер и текнка летна јакна.Препорачуваме да имате и обувки кои би ве заштитиле од коралите.При посета на главниот град Мале треба да се придржувате на следниве  правила:машките да бидат облечени со долги панталони и горен дел,а женските лица да бидат покриени на рамената и колената .

ПАРИ

Во хотелските ресорти не ви се потребни локалните валути ,инаку парична единица е Maldivska Rufiyaa  (MVR).Од банкоматите можете да извадите пари во локалната валута,или пак на аеродром при слетување може да се сменат пари во менувачница.Се прифакаат и кредитните картички  за плаќање.

ПЛАЖИ

На Малдивите не постои лоша плажа,сите се како рај од соништата.Најомилени за туристите се следниве:Kanuhura,One&Only,Reethy Rah,Kuredu,Palm Beach,Sineva Fushi,Reethy Beach,Royal Island,Coco Palm,Eriyadu,Angsana Ihuru,Bandos,Baros,Club Rannalhi,Paradise Island,Sun Island,Fun Island……

НУРКАЊЕ  И ГЊУРЕЊЕ

Малдивите се дестинација која е најбарана заради можноста за нуркање.Има прекрасни живописни корали,и подводен најразличен свет од  ражите па се до легендарните мирољубиви ајкули.Комбинацијата на топла вода до 25 степени,видливоста на водата до 25 километри во  длабочина како и стручните клубови за нуркање, овозможуваат сите оние кои се љубители на овој спорт  да посакаат повторно да се вратат на Малдивите.

ХРАНА

На Малдиви во ресортите можете да пробате и уживате во интернационална кујна како и во најразлични специјалитети од риба,десерти и свежо цедени  сокови и коктели.

ДЕЦА

Препорачуваме неколку ресорти во кои може да уживаат и Вашите деца доколку сакате да престојуваат со Вас:Kuredu,One&Only,Reethy Rah,Kanuhura,Bandos,Kurumba maldives,Filitheyo,Club Med Kani,Paradise Island,Kuramathi Ressort,Meeru,Four Seasons Ressort,Lily Beach,Sun Island…


ХОТЕЛИ

цени од
44€
Кристалното чисто море и нежните песочни плажи ги воодушевуваат туристите на овој остров.Хотелот се наоѓа на островот Dhiffush на 30 минути лет од аеродромот на Мале.Хотелот располаха со 142 соби сместени во бунгалови на плажа ,сите климатизирани со прекрасен поглед на Индискиот океан
цени од
67€
Хотелот се наоѓа на величествениот остров Nalaguraidhoo, на јужниот атол Ари,на 15 минути лет со хидроавион од меѓународниот аеродром на Мале.Се препознава по фасцинантниот амбиент,тропска вегетација,мноштво на кокосови палми. На гостите им се на располагање 9 ресторани и барови,отворен базент и бесплатен безжичен интернет.Во рестораните се служат локални и интернационални јадења на база на шведска маса. Дополнително Вашето уживање ке се збогати со фитнес центар,сауна,школа за нуркање и др.Од овој ресорт можете само за 1 час да стигнете до Индија или Шри Ланка.
цени од
90€
Хотелот се наоѓа на островот Horubadhoo оддалечен на 120 километри северно од аеродромот на Мале.Трансферот од аеродром е организиран со хидроавион и глисер.Големината на островот е само 880 метри на 220 метри.Хотелот е наплажа ,има богата вегетација,песочна и корална плажа.Располага со оклу 150 соби распоредени во бунгалови.Секоја соба од типот вила на плажа е со површина од 30 метри 2,полуотворено купатило со туш и када,тераса со лежалки.Во вечерните часови има повремео музика и дискотека.Голем избор на најразлични спортови на вода:скијање на вода,едрење со катамаран, риболов,брод со стаклен под,банана чамец....
цени од
104€
Хотелот се наоѓа на северниот атол (North Male Atoll) кој е само 10 километри оддалечен од аеродромот.Долг е само 1 километар а широк 230 метри.Островцето е обиколено со преубави песочни бели плажи со богат морски живот.Главните предности на островот се стратешки добро поставените ресторани и широк избор на спортски активности на копно и на вода.Ноќните забави,како Малдивските вечери,скара на плажа,или вегетаријанските ноќи придонесуваат за уште поголемо задоволство и уживање...
цени од
128€
Хотелот се наоѓа на островот Куреду ,на Lhaviyani,оддалечен 150 километри од аеродромот и се патува само со хидроавион.Островот има 3 километри долга песочна плажа,а исто така има и плажа со корален гребен,и е еден од најомилените острови бидејки нуди најдобри услови за престој,комотни и пространи соби,со можност на сместување во бунгалови или вили со џакузи на плажа,и вили над самата вода со директен пристап во морето.Островот располага со над 7 ресторани со голем избор на храна,отворени базени,неколку продавници ,Спа центар....
цени од
72€
Хотелот се наоѓа на северниот атол на само 15 минути возење со глисер од аеродромот на Мале.Располага со прекрасна бела плажа,чисто море со живи корали.Луксузните соби во вилите се со сопствена тераса која нуди прекрасен поглед накај Индискиот океан.Островот нуди многу можности за спортување,одмор и вечерни забави.
 

ПРОГРАМА ЗА ПАТУВАЊЕ:

  • Прв  ден : Скопје - Доха - Мале / се патува со Qatar Airways

  • Втор  до последен ден : престој во одбран хотел

  • Последен ден: Мале - Доха - Скопје се патува со Qatar Airways

Цена на авионскиот билет со вклучени аеродромски такси: 539 еур во тотал

Напомена:

Цените зависат од расположивост на места во авион ,и од период на патување.Период и должина на престој го одредувате Вие. 
Виза и вакцини не се потребни,валидност на пасошот 6 месеци од денот на враќање во државава