МАУРИЦИУС

 

 

ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Маурициус  е остров на југозападниот дел на Индискиот океан ,оддалечен на околу 855 км источно од Мадагаскар и 2.000 км од источниот брег на Африка.Островот го открија во 1505 година за првапат Португалците,а првите колонизатори беа Холанѓаните,Французите владееа во 18 век а Англичаните во 19 век.Независност стекнува во 1968 година а денес  важи за најразвиена  Афричка земја.Маурициус завзема 1864 километри и со Реунион и Родригез островите  е дел на Маскаренските острови.Архипелагот е настанат од низа вулкански ерупции,меѓутоа денес на овој дел не постојат повеќе активни ерупции.Главен град е Порт Луис.Околу островот постои корален гребен кој го штити островот од големи бранови,и придонесува  секој престој ба биде  пријатен  и безбеден .Климата на островот е тропска со суви и топли зиме(од мај до ноември)а влажни и топли во летниот период(ноември-мај).Островот е идеален за љубителите на песочни плажи,нуркачи,сурфери.....

Синонимот на овој остров е тропска вегетација,песочни плажи,густи шуми и спектакуларни водопади.Северниот брег е најразвиен со најубавите области  Grand Bay(Големиот залов) и Perey bere, нуди одличен избор на хотели,барови и ресторани.Тука е сконцентриран и најголем број на песочни плажи,како и атракцијата на аквариуми и големит нуркачки центар “Blue water Diving Center” .

Најдобро време за посета од  ноември до април.

ТУРИСТИЧКИ МЕСТА:

  • Флик он Флак-главната улица се вика  Royal Road,таму се наоѓаат продавници,кафичи,ресторани.
  • Гран Бе (Grand Baie) се простира на 12 километри долж обалата,и центар е на ноќниот живот како за локалното население така и за туристите
  • Треба да се посети главниот град Порт Луис-најголем на островот
  • градот Памплемус познат по ботаничката градина
  • Le Morn-карпа висока 555 метри,на чие подножје се наоѓаат најубавите плажи на островот
  • Големиот Базен(Grand Bassin илиi Ganga Talao)- таму се наоѓа голем храм со статуа на богицата Шива висок 20 метри,и езеро во внатрешноста на кратерот за која вода се верува дека е света.
  • Тамарин водопадите –седум слапови паѓаат од 97 метри висина и најдолу формираат езерце во кое можете да се бањате.
  • Шамарел-висоравнина на 400 метри надморска височина од каде може да се набљудуваат Шамарел водопадите.
 

ХОТЕЛИ

цени од
43€
Шармантен и негуван хотелски комплекс,со пријатна атмосфера.Се наоѓа на северниот брег,4 километри од Grand Baie.До плажа го дели улица.
цени од
53€
Се наоѓа на северозападната страна со преубав поглед на заливот во близина на Grand Baie.Пријатен и шармантен хотелски комплекс наменет само за постари од 18 години
цени од
80€
Убаво уреден хотел ,пријатен и идеален за активен и воедно опуштен одмор.Се наоѓа на северозападниот грег во близина на Grand Baie.
цени од
82€
Се наоѓа на преубав залив на североисток од островот.Простран ресорт со пријатна атмосфера.
цени од
103€
Простран ресорт со голема приемна сала или лоби,опкружен со преубава тропска градина,располага со 3 песочни плажи и нуди најдобри услови за различни спортови на вода.
цени од
152€
Се наоѓа на западниот брег,излегува директно на долга песочна плажа со бел песок.Изграден во дискретен азиски стил.Лобито отворено со поглед на Индискиот океан.

 


Програма на патување:

  • Прв ден: Скопје-Истанбул-Маурициус  со Туркиш
  • Втор до последен ден: Престој во избран хотел
  • Последен ден: Маурициус-Истанбул-Скопје со Туркиш

    Цена на авионскиот билет: во тотал со аеродромски такси 865 еур

Виза и вакцини не се потребни,пасошот треба да е минимум валиден 60 дена од денот на враќање во државата.

Напомена: Цената зависи од периодот на патување и од слободни места.