Париз

Дочек на нова 2020 година

Распослан на брегот на реката Сена, која го дели на два дела, овој преубав град, познат како “Град на светлината“ е политички, економски и културен центар на Француската држава. Тој е еден од најзначајните светски градови во кој имаат свое седиште бројни меѓународни организации. Поради својата историја долга два милениуми, Париз одсекогаш бил место на значајни историски случувања како и собиралиште на најпознати светски уметници.

Големиот број на знаменитости и туристички атракции како Двореците Версај и Монтенебло, Црквата Сакр Кер, Музеите Лувр, Орсеј и многу други ке го направат вашиот престој во овој град музеј, незаборавен.

landmark
 

Авионски превоз

Вклучен авионски превоз со Croatia Airlines со 23кг багаж. Оброк и пијалок во авион се вклучени.

 

6 дена / 5 ноќи

5 ноќевања со појадок во хотел со Ibis La Defence 3* во модерниот дел на Париз (La Defance)

 

Со појадок

Услугата е на база ноќевање со појадок.

 

Цена од 485€

Плаќањето е задолжително во денари и се пресметува по курс 1€ = 61.8 мкд (Цена во денари: 29.973 мкд)

Париз - 6 дена / 5 ноќи

Програма за патување

Ден 1
27 Декември, 2019
Петок

Состанок на групата на аеродром во Скопје во 04:30 часот. Полетување за Париз преку Загреб во 05:45 од Скопје, со вклучени пијалоци и оброк во авион. Слетување во Париз во 11:05. Организиран превоз и панорамски разглед на градот со попатни застанување. После 14:00 часот сместување во хотел. Слободно време за одмори ручек. Организирана прошетка со метро по Елисејските полиња, крстарење со брод по Сена (факултативно). Слободно време за вечера (факултативна) на Елисејските Полиња. Враќање во хотел со метро. Ноќевање.

day1
day2
Ден 2
28 Декември, 2019
Сабота

Појадок. Во 08:00 часот организирана (факултативна) посета на Лувресо метро и водич. Влез во 09:00ч. Разгледот трае до 12 часот. Слободно време за одмор. Организирана посета на Галеријата Лафајет и Операта Гарние (од надвор). Слободно време за ручек. Во попладневните часови организирана посета на Музејот Фрагонар, плоштадот Вандом и хотелот Риц. Враќање во хотел. Заедничка вечерна прошетка по Елисејските полиња, слободно време за вечера во некој од националните ресторани. Ноќевање.

Ден 3
29 Декември, 2019
Недела

Појадок. Организирана (факултативна) посета на Версај со автобус и водич. Поаѓање од хотел во 09:30ч. Се посетува дворецот и парковите. Вракање во Париз и тоа во Латинскиот кварт, посета на Богородична црква. Слободно време за ручек и индивидуални прошетки во квартот. Во попладневните часови организирана посета на Ајфелова кула со метро. Заедничка вечера (факултативна) во ресторан на Трокадеро. Враќање во хотел. Можност за посета на Мулен руж (со седење) (факултативно). Ноќевање.

day3
day4
Ден 4
30 Декември, 2019
Понеделник

Појадок. Во 08:30ч организирана целодневна посета со автобус на забавниот парк за возрасни и деца – Дизниленд. За оние кои остануваат во Париз организирани прошетки по мостовите на Сена, плоштадите, парковите, општината, бастиља, центарот Помпиду, новиот дел на Париз, Ла Дефен. Ноќевање.

Ден 5
31 Декември, 2019
Вторник

Појадок. Организирана посета на квартот Мон Март со метро. Прошетка по славната улица Пигал, посета на Француското кабаре Мулен Руж од надвор. Посета на квартот на сликарите, и црквата Свето Срце. Слободно време за ручек. За љубителите на уметноста можност за посета на музејот Орсеј. Враќање во хотел. Во вечерните часови организирана заедничка посета на Трокадеро. Прослава на отворено и дочек на новата 2020 година. СРЕЌНА НОВА ГОДИНА! Враќање во хотел. Ноќевање.

day5
day6
Ден 6
01 Јануари, 2020
Среда

Појадок. Одјавување од хотелот, багажот се остава на рецепција. Организирана посета и прошетка по Елисејските полиња. Организиран превоз до аеродром од хотелот во 12:00 часот. Полетување за Загреб во 15:10 часот, слетување во 17:05ч. Полетување за Скопје во 21:15, слетување во 22:45 часот во Скопје.

 
Во цената се вклучени следните услуги:
  •  
    Авио билет на релација Скопје - Париз - Скопје
  •  
    5 ноќевања со појадок во хотел со 3* Ibis La Defence
  •  
    Организиран превоз со автобус од аеродром до хотел и обратно
  •  
    Организиран панорамски разглед на градот
  •  
    Организирани пешачки разгледи на Париз со метро и водич
  •  
    Организација на патувањетои и сигурна реализација на факултативните екскурзии
  •  
    Придружник од Агенцијата за целиот престој во Париз
 
Во цената не се вклучени следните услуги:
  •  
    Аеродромски такси 139 еур / 8.590 мкд, со вклучен чекиран багаж 23кг, пијалок и оброк во авион се плаќа во агенција.
  •  
    Боравишна такса во хотел 1.50 еур на ден по лице, вкупно 7.50 еур /се плаќа во агенција во мкд
  •  
    Превозот со метро и автобус во Париз (цена околу 14 еур карнет за 10 возења)
  •  
    Влезница за Ајфелова Кула (влезница до 2-риот спрат 16.30€)
  •  
    Посета на Лувр (45€) влезница + водич (со метро) за лица до 18 год. (25€)
  •  
    Посета на Версај (65€) влезница + водич, за лица до 18 год. (40€). Се патува со автобус од хотел. Не е вклучена влезница за парковите и чини околу 9€.
  •  
    Влезница за брод по Сена (15€) - се патува со метро.
  •  
    Посета на Операта Гарние и музејот Орсеј (околу 15€) - влезница за секој објект
  •  
    Посета на Мулен Руж со представа (цена од 115€) со пијалок ½ шампањ и место за седење.
  •  
    Посета на Дизниленд (110€), дете до 11 години (95€) (превоз од хотел + целодневна влезница за 1 парк).
  •  
    Вечера или ручек во ресторан (од 15€) без пијалок.
  •  
    Задолжително здравствено и патничко осигурување (250 мкд).
 
Повеќе информации:
  •  
    Плаќањето е задолжително во денари (1 еур = 61.8 мкд).
  •  
    За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност 90 дена од денот на патувањето.
  •  
    Kраен рок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата 7 дена пред патување.
  •  
    За резервација задолжителна уплата од 30% од вкупниот износ, целосна доплата 15 дена пред патување.
  •  
    За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници.
  •  
    За овој аранжман важат општите услови на патување на Фибула Ер Травел и СКТМ.
  •  
    За овој аранжман важат општите услови на патување на Фибула Ер Травел и СКТМ.


Kontakt Informacii
  • Travel Agency 1
    • Скопје Центар
    • Ул. Никола Вапцаров бр. 22, 1000 Скопје, Р. Македонија
    • +389 2 3238 081
    • +389 2 3238 082
    • fibula@t.mk
  • Travel Agency 2
    • Скопје Аеродром
    • Бул. Јане Сандански бр. 82/1/7, Скопје, Р. Македонија
    • +389 2 2437 606
    • +389 2 2456 353
    • fibulabiser@t.mk
  • Travel Agency 3
    • Охрид
    • Ул. Македонски Просветители бр. 14А, 6000 Охрид, Р. Македонија
    • +389 46 250 745
    • fibulaohrid@t.mk
  • Travel Agency 4
    • Куманово
    • Ул. III Македонска Ударна Бригада бр. 52, 1300 Куманово, Р. Македонија
    • +389 31 420 220
    • fibulakumanovo@t.mk