Париз

Велигден во Париз

Распослан на бреговите на реката Сена, која го дели на два дела, овој преубав град, познат како “Град на светлината“ , е политички, економски и културен центар на Француската држава. Тој е еден од најзначајните светски градови во кој имаат свое седиште бројни меѓународни организации. Поради својата историја долга два милениуми, Париз одсекогаш бил место на значајни историски случувања како и собиралиште на најпознати светски уметници. Големиот број на знаменитости и туристички атракции како дворците Версај и Монтенебло, катедралата Нотр Дам, Светата Капела,Црквата Сакр Кер, Музеите Лувр, Орсеј, забавниот парк Дизниленд многу други ке го направат Вашиот престој во овој град музеј, незаборавен.

landmark
 

Авионски превоз

Вклучен повратен авионски билет до Париз.

 

5 дена / 4 ноќи

4 ноќевања со појадок во хотел Ibis La Defence 3*

 

Со појадок

Услугата е на база ноќевање со појадок.

 

Цена од 439€

Плаќањето е задолжително во денари и се пресметува по курс 1€ = 61.8 мкд (Цена во денари: 27.130 мкд)

Париз - 5 дена / 4 ноќи

Програма за патување

Ден 1
17 Април, 2020
Петок

Состанок на групата на аеродром во Скопје во 04.15 часот.Полетување за Париз преку Загреб во 05.45 од Скопје,со вклучени пијалоци во авион.Слетување во Париз во 11:05. Организиран превоз до хотел со автобус. Попатен организиран панорамски разглед на градот со водич.Сместување во хотел.Слободно време за одмор.Во 19.00 ч. организирана посета на Елисејските Полиња со метро и крстарење со брод по Сена(факултативно).Слободно време за вечера.Враќање во хотел со метро. Ноќевање.

day1
day2
Ден 2
18 Април, 2020
Сабота

Појадок. Во 09.00 часот организирана(факултативна) посета на Версај со автобус и водич. Посета на палатата , слободно време за посета на градините.Вракање со автобус во Париз околу 13.00 ч. до Латински квар.Посета на Богородична црква од надвор,.Слободно време за ручек.Индивидуално (фкултативна) посета на катедралата Saint Chapelle ( цена 11,5 еур) или со вклучена посета на Conciergerie (цена 17 еур).Можност за посета на Сорбона,Пантеон и Луксембуршките градини, кои се во непосредна близина на Латинскиот кварт.Враќање во хотел со метро.Во вечерните часови организирана посета наАјфелова Кула. Организирана(факултативно) заедничка вечера во национален ресторан на Трокадеро. Враќање во хотел. Ноќевање.

Ден 3
19 Април, 2020
Недела

Појадок. Организирана пешачки тура со метро -разглед на Париз со пратител на група:Плоштадот Конкорд,Црквата Мадлена,Плоштадот Вандом,Операта Гарние (од надвор),Галеријата Лафајет(со влез)и можност за панорамска глета на Париз ,Музејот Фрагонар со бесплатен влез и посета на парфимеријата во исто време. Слободно време за ручек. Враќање во хотел.Во попладневните часови организирана факултативна посета на Лувр со метро. Во вечерните часови посета на Мон Мартр , црквата Свето Срце ,улицата Пигал и Мулен Руж (однадвор).Заедничка вечера(факултативна) во ресторан.Враќање во хотел. Ноќевање.

day3
day4
Ден 4
20 Април, 2020
Понеделник

Појадок. Во 08.30 ч организирана(факулатативно) целодневна посета со автобус на забавниот парк за возрасни и деца –Дизниленд.За оние кои остануваат во Париз организирани прошетки по мостовите на Сена , плоштадите , парковите. Можност за организирана (факултативно) ,посета на ноќно кабаре ,по можност Мулен Руж или слично на него како Лидо или Крејзи Хорс. Ноќевање.

Ден 5
21 Април, 2020
Вторник

Појадок.Одјавување од хотелот,багажот се остава на рецепција.Организирана посета и прошетка по паркот Тујлери,Лувр од надвор ,улицата Риволи,Центарот Помпиду.Можност за индивидуална посета(факултативно) на музејот Орсеј. Слободно време за ручек .Организиран превоз до аеродром од хотелот во 15:30 часот. Полетување за Загреб во 18.30 часот, слетување во 20:20..Полетување за Скопје во 21:15 ,слетување во 22:30 часот во Скопје.

day3
 
Во цената се вклучени следните услуги:
  •  
    Авио билет на релација Скопје - Париз - Скопје
  •  
    4 ноќевања со појадок во хотел Ibis La Defence 3*
  •  
    Организиран превоз со автобус од аеродром до хотел и обратно
  •  
    Панорамски разглед на градот
  •  
    Организација на патувањетои и сигурна реализација на факултативните екскурзии
  •  
    Придружник од Агенцијата за целиот престој во Париз
 
Во цената не се вклучени следните услуги:
  •  
    Аеродромски такси 143 € / 8.837 мкд, со вклучен чекиран багаж 23 кг, пијалок и апетисани во авион.
  •  
    Боравишна такса за хотелот се плаќа во Агенција и изнесува 7 € по лице за цел престој.
  •  
    Превозот со метро и автобус во Париз (цена 16.1€ карнет за 10 возења)
  •  
    Влезница за Ајфелова Кула (влезница до 2-риот спрат 16.30€)
  •  
    Посета на Лувр 45€ влезница + водич (со метро) за лица до 18 год. 25€
  •  
    Посета на Версај - 65€влезница + водич, за лица до 18 год. 40€ (со автобус од хотел) не е вклучена влезница за парковите и чини околу 9€
  •  
    Влезница за брод по Сена 15€ (се патува со метро)
  •  
    Посета на Операта Гарние и музејот Орсеј околу 15€ - влезница објект
  •  
    Посета на Мулен Руж со представа (цена од 110€ со пијалок ½ шампањ и место за седење)
  •  
    Посета на Дизниленд 110€, дете до 11 години 90€ (автобус + целодневна влезница за 1 парк)
  •  
    Вечера или ручек во ресторан црна од 15€ без пијалок
  •  
    Задолжително здравствено и патничко осигурување 250 мкд.
  •  
    Доплата за сместување во еднокреветна соба 170€,
  •  
    Сместување во трокреветна соба (може само дете до 11 год) попуст 50€
 
Повеќе информации:
  •  
    Плаќањето е задолжително во денари (1€ = 61.8 мкд)
  •  
    За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност 90 дена од денот на патувањето
  •  
    Kраен рок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата 7 дена пред патување
  •  
    За резервација задолжителна уплата од 30% од вкупниот износ, целосна доплата 15 дена пред патување
  •  
    За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници
  •  
    За овој аранжман важат општите услови на патување на Фибула Ер Травел и СКТМ


Kontakt Informacii
  • Travel Agency 1
    • Скопје Центар
    • Ул. Никола Вапцаров бр. 22, 1000 Скопје, Р. Македонија
    • +389 2 3238 081
    • +389 2 3238 082
    • fibula@t.mk
  • Travel Agency 2
    • Скопје Аеродром
    • Бул. Јане Сандански бр. 82/1/7, Скопје, Р. Македонија
    • +389 2 2437 606
    • +389 2 2456 353
    • fibulabiser@t.mk
  • Travel Agency 3
    • Охрид
    • Ул. Македонски Просветители бр. 14А, 6000 Охрид, Р. Македонија
    • +389 46 250 745
    • fibulaohrid@t.mk
  • Travel Agency 4
    • Куманово
    • Ул. III Македонска Ударна Бригада бр. 52, 1300 Куманово, Р. Македонија
    • +389 31 420 220
    • fibulakumanovo@t.mk