СЕЈШЕЛИ

 

 

ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Овие острови преставуваат симбол на мирот и спокојот.Сејшелите го чинат архипелаг од 155 острови во Индискиот океан,од кои 42 острови се гранитни (Махе,Праслин,Ла Дига,Силует,Северно острово) додека останатите се корални.  Главното острово е Махе,каде што се наоѓа главниот град Викторија со 30 000 жители.Беше  Француска колонија од 1756 година за да покасно постанат колонија на Англичаните се до 1976 година кога и добиваат независност .Жителите потекнуваат најмногу од Африканското поднебје кои покасно се мешаат со Азијатите,Индијците,Французите,Англичаните ,Арапите и други.Званичен јазик е францускиот и англискиот а се зборува и домицилниот (креолски јазик-мешавина од повеќе јазици).

КЛИМА

Туристичката сезона трае преку целата година и средната температура изнесува околу 27 степени.Најтоплите месеци се март,април и мај тогаш температурата достигнува до 31 степен.Најдождливи месеци се декември,јануари и февруари,а најсуви јуни,јули и август.

ХРАНА

Традиционалната Сејшелска кујна се состои од  некоја врста на различни кујни:француска,индиска,англиска и афричка.Најмногу се јаде риба и морски плодови,тропско овошје,а како прилог најмногу се користи оризот.Најпознат специјалитет е Тек Тек,супа од школки,варени со тиква.Многу јадења се приготвуваат со кокосово млеко ,а од зачините се користи најмногу кари,темјан и шафран.Од овошје најмногу има кокос,папаја,манго,банани,ананас,карамбола(овошје во облик на ѕвезда) и многу други

 

ХОТЕЛИ

цени од
72€
Хотелот се наоѓа на северозападниот дел на островот Махе,на камено-песоклива плажа во Beau Vallon. Оддалечен 15 километри од аеродромот и 5 километри од главниот град Викторија.Располага со околу 230 соби распоредени во главната зграда и повеќето хотелски бунгалови.Секоја соба со купатило,клима,ТВ,телефон,мини фрижидер,апарат за припрема на кафе и чај,сеф,фен за коса.
цени од
125€
Сместен на познатата плажа Beau Vallon.Аеродромот е само на 20 минути од аеродромот на Махе,а главниот град е само на 10 минути ако патувате со автомобил.Песочната плажа е на само неколку метри од хотелот каде што клиентитеможат да вежбаат нуркање или едрење.
цени од
185€
Идиличен хотел и се наоѓа на југоисток од островот,на мирна локација,на еден прекрасен залив,модерно дизајниран со весели боји.Има своја приватна плажа и инфинити базен со поглед на океанот.Покрај останатите услуги има и Спа центар како и можност за спортување на вода.

 


Програма на патување:

  • Прв ден: Скопје-Доха -Махе  се патува со Qatar Airways
  • Втор до последен ден: Престој во избран хотел
  • Последен ден: Махе-Доха-Скопје со Qatar Airways

Цена на авионскиот билет: во тотал со аеродромска такса  543 еур

Напомена: Цената на авионскиот билет зависи од местатa кои се на располагање како и од сезоната на патување.