ТАЈЛАНД - ПУКЕТ
10 НОЌИ

Патничка програма: Авион / 13 дена - 10 ноќевања


Пукет е најпозната туристичка дестинација.Ни овозможува да уживаме во прекрасно чисто море и  чудесни бели песочни  плажи опкружени со  тропски пејзажи.


ХОТЕЛ Цена по лице
AMBER RESIDENCE 3* Од 780 еур
PATONG LODGE 3* Од 810 еур
HOLIDAY INN EXPRESS PATONG BEACH 3* Од 920 еур
ANDAMAN EMBRACE PATONG 4* Од 920 еур
CENTARA BLUE MARINE RESORT SPA 4*   Од 1.050 еур

Ден 1
Скопје - Доха

Лет од Скопје со авиокомпанијата Qatar Airways во 11:40ч. Пристигнување во Доха во 18:40ч. Полетување за Пукет во 19.25ч. По локално време.

Ден 2
Доха - Пукет

Полетување за Пукет во 19.25ч. Слетување во Пукет во 06:20ч. локално време. Организиран превоз до хотел. Сместување. Ноќевање.

Ден 3 - Ден 11
Пукет

Појадок. Престој во одбран хотел услуга ноќевање со појадок. Можност за организирани факултативни екскурзии како: Јames Bond, Bang Pae + Big Buddha + Karon view point + Kata beach, Тiger kingdom + Surin beach, Ko Phi Phi. Ноќевање.

Ден 12
Пукет - Доха

Појадок. Организиран превоз  од хотел  до аеродром. Полетување во во 19.40ч, слетување во 23.00ч. во Доха

Ден 13
Доха - Скопје

Полетување за Скопје во 07:00ч. Пристигнување во Скопје во 10:40ч.

 


Цена: 780 еур / 48.205 мкд


 

Во цената се вклучени следниве услуги:

  • Авионски билет
  • Аеродромски такси со вклучен багаж од 30 кг
  • Сместување во одбран хотел  услуга ноќевање со појадок
  • Организиран повратен превоз до хотел

Во цената не се вклучени следниве услуги:

  • Оброци и пијалоци на Пукет
  • Виза 30 ЕУР + патни трошкови 5.000 мкд  по пасош (цена за мин. 2 пасоша)
  • Патничко и здравствено осигурување
  • Факултативни екскурзии

 


 

Важна напомена:

  • Цените се по лице,сместување во двокреветна соба,и валидни за пријавување на мин. 2 патници.
  • Има мозжност за сместување во хотели од категорија  3,4 и 5 ѕвездички
  • Цената за пакетот ке зависи од слободни места во авион и хотел
  • Плаќање исклучиво во денари, курс 1 еур=61,8 мкд
  • Плаќање при резервација 50% и нема можност т за откажување,менување на термин или менување на имиња после издавање на авионскиот билет.Доплата до 100 % 30 дена пред започнување на патувањето.
  • Останатите општи услови на патување  на Фибула Ер Травел и СКТМ ,
  • Програмата е лекторирана од лектор Ана Бачварска

 

ФАКУЛТАТИВНИ ЕКСКУРЗИИ

 

Јames Bond островот [назад]

Целодневен излет кој започнува со истражување на островот Панак. Ќе се возиме со кануи и ќе ја  почуствуваме и доживееме волшебната  природата. Во зависност од плимата и осеката се поминува под пештерите и се навлегува во лагуните. Следната станица е пристигнување на островот Хонг. Мир, тишина и џунгла во лагуните... се слуша само ударот на веслите... Се пристигнува до островот Џејмс Бонд, таму каде што е снимен филмот Човекот со златниот пиштол. Ако сте го гледале филмот ќе имате можност да ги препознаете местата од разните снимени сцени. На крај се посетува островот Лана.

 

Bang Pae водопат + Big Buddha + Karon view point + Kata плажа [назад]

Се оди до најубавиот водопад на Пукет каде што ќе имате можност да се воодушевите од џунглата каде што се наоѓа водопадот. Можност да се капите во ладната и чиста вода. Bang Pae е исто така центар каде се чуваат Гибони мајмуните. Big Buddha се наоѓа на врвот од  Nakkerd. Статуата е висока 45 метри и една од најголемите атракции на Пукет. Таму можете да ги овековечите вашите пораки,желби во каменот на овој храм. Се продолжува до Karon view point од каде може да ги доживеете најубавите погледи кон плажата Katha, Karon и Patong. Слободно време за фотографирање. На крај се оди до Ката плажата која важи за најубавата на Пукет.  Лежење и одмарање под некоја од палмите и разладување со овошни шејкови...

 

Tiger kingdom + јавање на слонови + Surin плажа [назад]

Се патува до Tiger kingdom кој се наоѓа недалеку од Патонг плажата. Можност да се погалиме и одблизу да се сликаме со индокинеските тигри. Се влегува во кафезите каде што слободно се движат но секако во придружба на нивните тренери. Нашата следна авантура е јавање на слонови. Со слоновите се пристигнува на Сурин плажата,една од најпознатите плажи каде што има  најголеми бранови. Одмор,капење и сончање....

 

Ko Phi Phi [назад]

Целодневен излет на островот Ko Phi Phi. Нашата прва станица е преубавото Bambo острово со кристален бел и чист песок,ненаселен остров со тиркизната боја на морето. Продолжуваме до Monkey beach, прочуена по малите мајмунчиња кои живеат таму. Слободно време за гнурење. Се продолжува до пештерата Викинг за која Тајланѓаните сеуште тврдат дека таму живеат луѓе. Позната е и по тоа што има милиони гнезда на ластовички. За крај се оди до плажата Maya Bay каде што е снимен филмот Плажа. Уживаме во неверојатната природа и се бањаме во смарагдно зелената боја на морето...