Leto Turcija Egipet 2020

Соопштение за Турција и Египет

Имајќи ја предвид моменталната состојба предизвикана од појавата и ширењето на вирусот COVID 19, прогласената пандемија на светско ниво од страна на Светската здравствена организација, како и неизвесноста од понатамошната состојба со ширење на вирусот COVID 19 на светско ниво, го истакнуваме следново:

Туристичката агенција "Фибула" ги откажува туристичките аранжмани за претстојната сезона - лето 2020 за туристичките дестинации Турција И Египет. Сите туристичките аранжмани за престојната сезона - лето 2020 Турција и Египет се целосно откажани.

За откажаните туристички аранжмани туристичката агенција "ФИБУЛА“ ќе им издава на патниците вредносни ваучери.

Владата на Република Северна Македонија, на седница одржана на 24 март 2020 година, донесе Уредба со законска сила за примена на Законот за туристичката дејност за време на вонредната состојба, објавена во "Службен весник на Република Северна Македонија" бр.80/20 (во понатамошниот текст "Уредбата").

Уредбата предвидува обврска за туристичките агенции за издавање на ваучери на патниците во случај на откажување на туристичките агенции на своите аранжмани.

За таа цел, врз основа на примена на одредбите од Уредбата и врз основа на мислењето дадено од страна на Министерството за економија – сектор за туризам и угостителство, во продолжение Ви ги презентираме условите и начинот за подигнување и користење на ваучерите:

  • Сите туристички агенции кои ги имаат откажано своите аранжмани за време на траење на вонредната состојба се должни да издадат нов ваучер на корисникот на ваучерот (патникот) за туристичкиот аранжман
  • Ваучерите ќе се издаваат во три примероци, со рок на важење најдоцна до 31.12.2021 година. (еден примерок од ваучерот ќе се достави и до Министерството за економија заради евиденција);
  • Начинот на издавање на Ваучерите ќе се реализира во согласност со двете страни, односно туристичката агенција и корисникот на ваучерот (патникот) ќе се договорат за: дестинацијата, терминот на поаѓање, времетраење на аранжманот
  • Издадениот ваучер, патникот ќе има можност да го искористи за аранжмани достапни во понудата на туристичката агенција (носител на аранжманот);
  • Вредноста на ваучерот ќе биде во висина на уплатениот износ;
  • Ваучерите кои ќе бидат издадени од страна на туристичките агенции, патниците ќе можат да ги подигнат лично во туристичките агенции каде имале извршено уплата/резервација на аранжманот или по барање на патникот истиот ваучер може да им биде испратен по електронски пат, односно по е-маил;
  • Ваучерите кои ќе бидат издадени и гласат на име на патникот кој извршил уплата/резервација, можат да бидат преносливи, односно ваучерот може да се искористи и од страна на друг патник (по договор меѓу патникот и туристичката агенција).

Информациите дадени во ова соопштение се однесуваат за сите патници, кои имаа уплатени туристички аранжмани за сезона - лето 2020 Турција и Египет.

Важна напомена

  1. По завршување на вонредната состојба и нормализирање на условите за патување од земјата и условите за влез и престој во дестинациите на патување, доколку за истото постојат услови, Фибула под нови услови ќе ја објави новата понуда за аранжмани за сезона - лето 2020 Турција и Египет. По објавувањето на новата понуда ќе може да се прават нови резервации за кои ќе се искористат вредносните ваучери.
  2. Патниците кои добиле попуст на туристичкиот аранжман поради извршена рана уплата на истиот, со откажување на аранжманите поради прогласената пандемија и издавањето на вредносниот ваучер од страна на Фибула, можно е патниците да го изгубат попустот на аранжманот добиен со раната уплата и во овие околности Фибула не гарантира за задржување на попустот.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 


Kontakt Informacii
  • Travel Agency 1
    • Скопје Центар
    • Ул. Никола Вапцаров бр. 22, 1000 Скопје, Р. Македонија
    • +389 2 3238 081
    • +389 2 3238 082
    • fibula@t.mk
  • Travel Agency 2
    • Скопје Аеродром
    • Бул. Јане Сандански бр. 82/1/7, Скопје, Р. Македонија
    • +389 2 2437 606
    • +389 2 2456 353
    • fibulabiser@t.mk
  • Travel Agency 3
    • Охрид
    • Ул. Македонски Просветители бр. 14А, 6000 Охрид, Р. Македонија
    • +389 46 250 745
    • fibulaohrid@t.mk
  • Travel Agency 4
    • Куманово
    • Ул. III Македонска Ударна Бригада бр. 52, 1300 Куманово, Р. Македонија
    • +389 31 420 220
    • fibulakumanovo@t.mk