Бугарија Зима 2024

Со својот прекрасен пејсаж, одлични услови за на снег и огромен избор на вкусни локални јадења, Бугарија претставува совршена дестинација за сите што сакаат да скијаат или да уживаат во зимската идила, и тоа по доста поволни цени.

Бугарија има четири поголеми скијачки центри со повеќе од 210 километри скијачки патеки. Сите патеки се опслужуваат со модерни ски-лифтови и жичници на скијачките терени.

Благодарение на големиот избор на хотели и ски ресорти во Банско, Боровец и Помпорово, Бугарија е популарен избор за скијачи – почетници, фамилии и млади. Без разлика дали сакате адреналинска забава на скијачките патеки или други алтернативи наместо скијање, тука може да се најде нешто за сечиј вкус.

Повеќе Бугарија Зима 2024

Вашето сместување

Бугарија Зима 2023

Банско го нарекуваат и “современа бајка” поради совршената комбинација од воодушевувачки пејсажи, одлични услови за скијање, современа инфраструктура и беспрекорна услуга, комбинирано со традиционалниот дух на овој град.

Боровец е најраздвижениот ресорт во зима. Одличните услови за скијање или сноубординг со голем избор на активности после тоа, како и активниот ноќен живот, го прават ова место совршен избор за зимски одмор.

Пампорово е најсончевиот ски – ресорт и ги освојува посетителите со својот шармантен пејсаж. Има современ забавен парк и многу патеки и школи за почетници кои нема никогаш да го заборават тоа искуство.

За оние кои што сакаат само да се релаксираат, добро е да се знае да Бугарија е една од најдобрите дестинации во Европа за СПА, благодарение на своите многубројни термални извори. Затоа, без разлика дали сакате да се спуштате по патеките, да се релаксирате после скијање или да се почастете со хидротермална терапија, ние сме тука да ви помогнеме да го направите вистинскиот избор.