Kefaluka Resort

1. Turcija
2. Egejski Breg
3. Bodrum
• Kefaluka Resort
• 70 слики
• Наша препорака

.flex.flex-col.gap-y-6.rounded-lg.border.border-slate-200.p-3.text-sm.text-slate-500.lg\:p-6 {
padding: 0;
border: 0;

.hotel-description {
font-family: "Inter", sans-serif;
column-count: 2;
column-gap: 2rem;
max-width: 1120px;
margin: 2rem auto;

.hotel

Инфо Kefaluka Resort

• Положба

Хотелот се наоѓа на 10 km од Тургутриес, 25 km од центарот на Бодрум и на 60 km од аеродромот во Бодрум.

• Сместување

Вкупно 384 соби.

Стандардни соби (27 m², една спална соба најчесто со два единечни кревета, едно купатило, балкон, макс. 2+1 лице).

Фамилијарни соби (30-34 m², една спална и софа, едно купатило, балкон, макс. 2+2 или 3 возрасни).

Поврзани соби (54 m², две поврзани соби, еден дупли кревет и два единечни кревета, едно купатило, балкон, макс. 2 +2 или 4 возрасни).

Делукс соби (36 m², една спална соба, едно купатило, балкон, макс.2+1).

Јуниор апартмани (52-56 m², една спална и една дневна соба, одвоени со параван, едно купатило, балкон или тераса, макс.2+1 или 3 возрасни).

Фамилијарни апартмани (48 m² со балкон или 78 m² со тераса, една спална и една дневна соба, одвоени со врата, едно купатило, макс 2+2 или 3 возрасни лица),

Супериор апартмани (126 m², 2 спални соби, две купатила, соба и купатило за послуга, скали, макс. 4 лица).

Престиж апартмани (186 m², 3 спални соби, 3 купатила, соба и купатило за послуга, џакузи, скали, приватен базен, макс. 6 лица).

4 стандардни соби за лица со попреченост.

Сите соби имаат клима која работи според временските услови, LCD / сателитска TV, мини бар (секојдневно се дополнува со вода, пиво и безалкохолни пијалаци), сеф, сет за чај и кафе, купатило со када или туш кабина, огледало за шминкање, фен, балкон, ламинатен под. Скоро сите соби имаат поглед на море.

• Услуга

Ултра Сѐ вклучено – 24 часовна услуга за храна и пијалаци, шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, закуски во главен ресторан, свежо цеден сок од портокал за време на појадокот, À La Carte ресторани (мексикански, кинески, турски, италијански, медитерански) еднаш бесплатно за мин. 5 ноќевања со претходна резервација, детско мени во италијанскиот и мексиканскиот ресторан, детски ресторан, ѓозлеме, бар на платформа, покрај базен, сладолед во одредено време од денот, закуски, слаткарница, Moonlight клуб, локални алкохолни и безалкохолни пијалаци.

Со доплата се: увозни пијалаци, сортни вина, увозни шампањи, делукс пијалаци, старо виски, коњак, свежо цедени сокови (освен за појадок), енергетски пијалаци, пијалаци во шише и лименка, услуга во соба и сѐ останато што не е наведено во  концептот.

• Содржини

Главен ресторан, À La Carte ресторани (мексикански, кинески, турски, италијански, медитерански), детски ресторан, повеќе барови низ хотелскиот комплекс, Moonlight клуб.

Со доплата се: доктор на повик, медицинска сестра, перење, пеглање и хемиско чистење, телефон, изнајмување кола, приватен трансфер од и до аеродром, продавници, фотограф, фризер, и сѐ останато што не е наведено во  концептот.

Wi-Fi интернет е бесплатен низ хотелот.

• Плажа

Хотелска приватна песочна плажа, има и платформа.

Лежалки, чадори за сонце и крпи за на плажа се бесплатни.

Павилјоните на плажа се со претходна резервација и со доплата.

• Спорт и забава

Отворени и затворени базени за деца и возрасни, аква парк со 5 тобогана, сауна, парна бања, турска бања, дел за релаксација, ледена фонтана, џакузи, фитнес центар, терен за фудбал, тенис и сквош, одбојка на плажа, кошарка, табла, шах, пинг понг, пикадо, билијард, кино.

Со доплата се: масажи и третмани во СПА центарот, спортови на вода, осветлување на спортските терени, флипери, куглање.

Забавни програми и анимации во текот на денот и навечер, музика во живо (неколку пати неделно).

Детски клуб (4-12) и Клуб за тинејџери (12-18), базени за деца, дел на плажа само за деца, детско игралиште.

• Информации за дестинацијата

Откријте сè што треба да знаете за оваа дестинација, вклучувајќи информации за патувања и повеќе. Кликнете овде за повеќе детали.

Веб страна на хотелот

Содржини

• За деца
• Детско игралиште
• Клуб за деца
• Плажа
• Лежалки за плажа

Локација