Albatros Palace Resort
- Egipet
- Crveno more
- Hurgada

- 38 слики
Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил fibula@t.mk .
.hotel-description {
max-width: 1220px;
column-count: 2;
margin: 0 auto;
margin-top: 30px;
column-
Инфо Albatros Palace Resort

Положба
Хотелот се наоѓа на околи 8 км од аеродромот и 12 км од стариот центар на градот Сакала.

Сместување
Вкупно 621 соба.
- Стандардни соби (36 м²) - двокреветни (два единечни кревети или брачен кревет, макс. 2 лица) или двокреветни со помошен кревет (два единечни кревети или брачен кревет и помошен кревет, макс. 2+1 дете).
- Делукс собите (35 – 42 м², макс. 2+1) се исти како и стандардните, со поглед кон базен, градина или море.
- Делукс фамилијарни соби две стандардни соби поврзани со врата, едната соба има брачен кревет, а другата два единечни кревети (макс. 2+2 деца).
- Џакузи апартман со поглед на море и една спална соба со брачен кревет, една дневна соба со дел за седење, џакузи на тераса, поглед кон море и базен, купатило со када и туш, макс. 2 лица.
Собите имаат балкон или тераса, приватно купатило со туш, клима, сеф, минибар (водата е бесплатна), телефон, електричен бокал, сет за правење чај и кафе, фен, сателитска ТВ, интернет.

Услуга
Сѐ вклучено - шведска маса со ран појадок, појадок, доцен појадок, ручек, вечера, закуски, доцна вечера, слатки и колачи, сладолед и палачинки во одредени часови од денот, локални алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10:00 до 00:00 во барот на плажа, барот покрај базенот, како и во лоби барот, сокови, кафе и чоколадни специјалитети (се наплаќаат по полноќ). À la Carte ресторан е бесплатен еднаш за време на престојот, со претходна резервација. Во концептот не се вклучени премиум алкохолни пијалоци, свежо цедени сокови, услуга во соба, флаширани пијалоци, повторно користење на À la Carte ресторан, сите пијалоци од 00.00 – 10.00 часот.

Содржини
Рецепција, ресторани за шведска маса, À la Carte ресторани, лоби бар, бар покрај базен и на плажа, други барови низ хотелскиот комплекс, Wi-Fi интернет конекција на јавните делови од хотелот (со ограничена брзина и број на корисници). Со доплата: салон за убавина, фризер, перење и хермиско чистење, пеглање, продавници, менувачница, лекар на повик, превоз, изнајмување кола.

Плажа
Хотелот има сопствена, песочна плажа, од која мал дел е со корален гребен и привлекува голем број на љубители на подводниот свет. Поголемиот ден од плажата е убава зона за капење. Лежалките и чадорите за сонце се бесплатни за гостите на хотелот.

Спорт и забава
Хотелот има отворени базени (од кои 2 се затоплуваат во зима), детски базен со тобогани, детски клуб (од 4-12 години), детско игралиште, тениски терени, теретана, пинг-понг, одбојка на плажа, мини фудбал, мини голф, ватерполо, аеробик, куглање, пикадо, анимации. Со доплата: осветлување на тениските терени и опрема за тенис, билијард, видео игри, спортови на вода, спа центар (сауна, парна бања, турска бања, хидромасажна када, масажа).

Внимание
Домашни миленици не се дозволени. Во сите ресторани има задолжителен кодекс за облекување. Одредени содржини и услуги во хотелот не се бесплатни за користење, а тоа подразбира користење на пијалоци од мини барот, некои телевизиски канали, користење услуги на СПА ЦЕНТАР, телефон, факс, интернет, спортови на вода, исхрана и пијалоци во баровите и À la carte рестораните, користење спортски терени и спортска опрема, користење услуги за хемиско чистење, пеглање, паркинг, гаража, влезници за аква парк и слично. Детални информации за доплата и цена на услугите, како и работно време на баровите, рестораните и другите хотелски содржини се добиваат по пристигнувањето во хотелот на рецепција. Посебни барања и напомени во резервацијата не се составен дел од договорот и со самото тоа не се обврзувачки. Организаторот на патувањето нема влијание за локацијата на собата, на кој кат е собата, големината на креветите, софите, фотелјите или помошното легло. Распределбата на собите е од страна на службите на рецепција во хотелот по пристигнувањето на гостите.
Забелешка: поради новите мерки за заштита од Ковид-19, хотелот го задржува правото за промена на некои содржини без претходна најава.
Веб страна на хотелот
Содржини

За деца
- Детско игралиште
- Клуб за деца