Ali Baba Palace

  1. Egipet
  2. Crveno more
  3. Hurgada
  • Ali Baba Palace
  • 25 слики
  • Наша препорака

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил во некоја од нашите агнеции . <br/> .hotel-description__container {<br/> max-width: 1220px;<br/> margin: 0 auto;<br/> font-family: 'Roboto', sans-serif;<br/

Инфо Ali Baba Palace

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил во некоја од нашите агнеции.
  • Положба

    Хотелот се наоѓа на околу 11 км од аеродромот и околу 18 км од центарот на Хургада.

  • Сместување

    Хотелот има 756 соби и сите имаат балкон / тераса, клима, сателитска ТВ, фен, мини бар. Сефот се наоѓа на рецепција и е бесплатен.

    Стандардните соби (33-35 м²) се со поглед на градина или базен, а мал број од нив имаат и поглед на море.

    Делукс собите (33-35 м²) имаат поглед на градина или базен.

    Фамилијарните соби имаат две спални соби одвоени со врата (секоја со големина од 33-35 м²), во едната соба има дупли кревет, а во другата два единечни кревета. Со доплата е услуга во соба, телефон.

  • Услуга

    Сѐ Вклучено – шведска маса за појадок, ручек, вечера. Во концептот се вклучени локални алкохолни и безалкохолни пијалоци, закуски, колачи и сладолед.

    Покрај главниот ресторан, во хотелот има и неколку ресторани со италијанска, ориентална и источноазиска храна (со доплата). Исто така, има лоби бар, бар покрај базен и на плажа, дискотека.  

    Со доплата се свежо цедени сокови, витамин бар, увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, Moorish Café, Ali Baba Sushi À la carte ресторан (источноазиска храна).

    Хотелот има право да ги промени деталите поврзани со услугата во зависност од сезоната (време, содржина, и сл).

  • Содржини

    Главен ресторан со шведска маса, À la carte ресторани, барови низ хотелскиот комплекс.

    Сервис за перење и пеглање алишта, изнајмување кола, телефон, факс, услуга во соба, наргиле, и сѐ останато што не е наведено во концептот. Wi-Fi интернет е со доплата.

  • Плажа

    Хотелска приватна песочна плажа, од која мал дел е со корален гребен одличен за љубителите на подводниот свет, а другиот дел е убава зона за капење. Лежалките на плажа и чадорите се бесплатни.

  • Спорт и забава

    Отворени базени за возрасни и деца, аква парк за тинејџери, тениски терени, терен за кошарка, пинг понг, мини голф, анимации за гостите, теретана, часови по танцување.

    Со доплата се билијард, куглање, спортови на вода, часови по нуркање, интернет, опрема за тенис, масажи, третмани за нега на лице и тело, турска бања, сауна, џакузи, салон за убавина..

  • Веб страна на хотелот

Информации за дестинацијата

Откријте сè што треба да знаете за оваа дестинација, вклучувајќи информации за патувања и повеќе. Кликнете овде за повеќе детали.


Содржини

  • За деца
    • Детско игралиште
    • Клуб за деца

Локација