AMC Royal Hotel & Spa

  1. Egipet
  2. Crveno more
  3. Hurgada
  • AMC Royal Hotel & Spa
  • 56 слики

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил во некоја од нашите агнеции . <br/> .hotel-description__container {<br/> max-width: 1220px;<br/> margin: 0 auto;<br/> font-family: 'Roboto', sans-serif;<br/

Инфо AMC Royal Hotel & Spa

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил во некоја од нашите агнеции.
  • Положба

    Се наоѓа во Хургада на околу 11км од стариот центар Сакала и околу 13км од аеродромот во Хургада.

  • Сместување

    Вкупно 394 соби сместени во 3 згради.

    Стандардните и премиум собите се со површина од 34 м².

    Фамилијарните соби се состојат од две стандардни соби поврзани со врата и имаат поглед на базен или планина.

    Сите соби имаат балкон или тераса, клима уред, сателитска ТВ, сеф, мини бар, (вода и сокови), сет за кафе и чај, купатило со туш или када и фен за коса, телефон, Wi-Fi интернет, услуга во соба.

  • Услуга

    Сѐ Вклучено – појадок, ручек и вечера (самопослужување – избор на повеќе јадења според хотелските правила).

    Во концептот се вклучени и ужина и локални алкохолни и безалкохолни пијалоци.

    Не е вклучено флаширани пијалоци, À la carte ресторан, свежо цедени сокови, увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, услуга во соба и сѐ останато надвор од концептот.

    Хотелот има право да ги промени деталите во однос на услугите и во зависност од сезоната (време, содржина итн).

  • Содржини

    Главен ресторан со шведска маса, италијански, ориентален и азиски ресторан, барови низ хотелскиот комплекс.

    Доктор на барање, продавници, телефон, паркинг, перње и пеглање алишта сѐ останато надвор од концептот се со доплата. Wi-Fi интернет во лоби (со ограничена брзина и број на корисници).

  • Плажа

    Хотелска песочна плажа со латформа во должина од 500м. Лежалки, чадори и крпи се бесплатни. Еден мал дел е со корални гребени, а во поголемиот дел од зоната за капење водата е плитка и се препорачува да се користат обувки за на плажа.

  • Спорт и забава

    Базен за возрасни и детски базен, мини аква парк, пинг-понг, одбојка на плажа, пикадо, бочи (куглање на плажа), анимации, теретана. Со доплата се билјард и спортови на вода, масажи, третмани за лице и тело.

    За децата има мини клуб, детски базен, анимации, детско мени и игралиште.

  • Веб страна на хотелот

Информации за дестинацијата

Откријте сè што треба да знаете за оваа дестинација, вклучувајќи информации за патувања и повеќе. Кликнете овде за повеќе детали.


Содржини

  • За деца
    • Детско игралиште
    • Клуб за деца

Локација