Aqua Vista Resort

• Aqua Vista Resort
• 46 слики

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил fibula@t.mk .
.hotel-description {
max-width: 1220px;
column-count: 2;
margin: 0 auto;
margin-top: 30px;
column-

Инфо Aqua Vista Resort

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил fibula@t.mk.
• Положба

Хотелот се наоѓа на околу 7 км од аеродромот и околу 15 км од центарот на Хургада. Отворен е во 2008 година, а реновиран во 2017 година.

• Сместување

Вкупно 326 соби. Опкружен е со хотелите Beach Albatros Resort, Albatros Aqua Park i Aqua Blu, и гостите може да ги користат содржините на овие хотели.

• Стандардни соби (41 м², една сплана соба, едно купатило, макс.2+2).
• Фамилијарни соби (82 м², две посебни спални соби, едно купатило, макс.4 лица).

Сите соби имаат поглед на градина или базен, клима, сателитска ТВ, мини бар, фен, сеф, WiFi интернет, електричен бокал (на барање), купатило, балкон или тераса.

• Услуга

All Inclusive појадок, доцен појадок, ручек, вечера, ресторани со италијанска, ориентална и азиска храна, À la carte ресторан Lagoon, барови низ хотелскиот комплекс, диско. Во концептот се вклучени и закуски во текот на денот, палачинки, сладолед, сите домашни локални алкохолни и безалкохолни пијалоци до полноќ. Гостите може да ги користат баровите и рестораните во хотелот Aqua Blu. Со доплата се сите увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, À la carte ресторан Lagoon, наргиле, пијалоци во дискотеката и сѐ останато што не е наведено во концептот.

• Содржини

Главен ресторан, ресторани со италијанска, ориентална и азиска храна, À la carte ресторан Lagoon, барови низ хотелскиот комплекс, диско. Доктор (во Aqua Blue), перење алишта, телефон, фризер (во Albatros Aqua park), банкомат, продавници, услуга во соба се со доплата.

• Плажа

Гостите ја користат плажата на хотелот Albatros Aqua park, до која има бесплатен превоз во текот на денот. Плажата е песочна и поголем дел е зона за капење, а на мал дел од плажата има корален гребен кој ги привлекува љубителите на подводниот свет. Лежалките и чадорите се бесплатни. Крпите за на плажа се добиваат од хотелот со картичка.

• Спорт и забава

Надворешни базени за возрасни и деца, еден базен на покрив со директен пристап во Red Sky Bar, теретана, пинг понг, гимнастика во ода, аеробик, пикадо. Гостите може да ги користат и содржините на хотелите Aqua Blu и Albatros Aqua park. Со доплата се спортови на вода, нуркање, СПА центар и масажи, осветлување за тениски терени и опрема, билијард, сѐ останато што не е наведено во концептот.

• Внимание

Домашни миленици не се дозволени, во сите ресторани е задолжителен dress code.

Одредени содржини и услуги во хотелот не се бесплатни за користење, а тоа подразбира користење пијалоци од мини барот, гледање некои телевизиски канали, користење услуги на СПА ЦЕНТАР, телефон, факс, интернет, спортови на вода, храна и пијалоци во баровите и À la carte рестораните, користење спортски терени и спортска опрема, користење услуги за хемиско чистење, пеглање, паркинг, гаража, влезници за аква парк и слично. Детални информации за доплата и цена на услугите, како и работно време на баровите, рестораните и другите хотелски содржини се добиваат по пристигнувањето во хотелот, на рецепција.

Посебни барања и напомени во резервацијата не се составен дел од договорот и со самото тоа не се обврзувачки. Организаторот на патувањето нема влијание за позицијата на собата, на кој спрат е собата, големина на креветите, софите, фотелја или помошно легло. Распределбата на собите е од страна на службите на рецепција во хотелот, по пристигнувањето на гостите.

Забелешка: поради новите мерки за заштита од Ковид-19, хотелот го задржува правото за промена на некои содржини без претходна најава.

• Веб страна на хотелот

Содржини

• За деца
• Детско игралиште
• Клуб за деца

Локација