Hawaii Caesar Dreams Resort & Aqua Park

1. Egipet
2. Crveno more
3. Hurgada
• Hawaii Caesar Dreams Resort & Aqua Park
• 10 слики

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил fibula@t.mk .
.hotel-description {
max-width: 1220px;
column-count: 2;
margin: 0 auto;
margin-top: 30px;
column-

Инфо Hawaii Caesar Dreams Resort & Aqua Park

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил fibula@t.mk.
• Положба

Хотелот се наоѓа на 20 км од аеродромот во Хургада, 15 км од центарот на Хургада и 10 км од Ел Гуна. Хотелот Hawaii Dreams Aqua Park Resort Arabia е отворен во 2019 година и зазема површина од 7000м2.

• Сместување

Хотелот има 150 соби од кои 34 се во бунгалови.

• Стандардни соби со големина од 32 м²,
• Фамилијарни соби со големина од 42 м²
• Бунгалови бунгалови со големина од 35 м²

Сите соби располагаат со клима, купатило, фен, мини бар, сателитска ТВ, телефон, сеф, балкон.

• Услуга

Сѐ вклучено шведска маса за појадок, ручек, вечера, алкохолни и безалкохолни пијалоци, закуски, торти, колачи, кафе според концептот на хотелот. На гостите, покрај главниот ресторан, на располагање им е À la carte ресторан со италијанска храна со доплата. Со доплата се и увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци.

• Содржини

Хотелот располага со ресторани и неколку барови и 2 снек бара, каде што се служат храна и пијалоци според All inclusive концептот на хотелот. Хотелот располага со два базена за возрсани со дел за деца, и аква парк со 7 лизгалки за возрасни и 6 лизгалки за деца (со доплата користење на аква парк), тератана, аеробик, одбојка на плажа, пинг понг, дневни и вечерни анимации. Со доплата аква парк, спортови на вода, часови по нуркање, билијард. Со доплата и: сауна, парна бања, џакузи, масажа, и сѐ она што не е во концептот на хотелот. Исто така се доплаќаат и услугите за доктор, перење и пеглање алишта, изнајмување кола, телефон, факс, продавници. За деца хотелот располага со детски базен, мини клуб од 05-12 години.

• Плажа

Хотелот има сопствена песочна плажа, еден мал дел е со корален гребен. Поголем дел од зоната за капење е плитка, па се препорачува користење обувки за во вода. Лежалки и чадори за сонце се бесплатни.

• Спорт и забава

Хотелот има базени за возрасни и деца (13 отворени базена), аква парк со 25 тобогана. Во текот на зимската сезона големиот базен се загрева (во зависност од временските услови и пополнетост на хотелскиот капацитет). Има одбојка на плажа, кошарка, аеробик, пикадо, дневни и вечерни анимации. Wi-Fi интернетот е бесплатен во лобито на хотелот. Со доплата е центарот за нуркање, интернет центар, сквош, спортови на вода, билијард и останати работи кои што не се наведени во концептот. Во рамките на Health Club може бесплатно да се користи теретана. Масажа, сауна и останати третмани се со доплата.

• Внимание

Домашни миленици не се дозволени, во сите ресторани е задолжителен dress code.

Одредени содржини и услуги во хотелот не се бесплатни за користење, а тоа подразбира користење пијалоци од мини барот, гледање некои телевизиски канали, користење услуги на СПА ЦЕНТАР, телефон, факс, интернет, спортови на вода, храна и пијалоци во баровите и À la carte рестораните, користење спортски терени и спортска опрема, користење услуги за хемиско чистење, пеглање, паркинг, гаража, влезници за аква парк и слично. Детални информации за доплата и цена на услугите, како и работно време на баровите, рестораните и другите хотелски содржини се добиваат по пристигнувањето во хотелот, на рецепција.

Посебни барања и напомени во резервацијата не се составен дел од договорот и со самото тоа не се обврзувачки. Организаторот на патувањето нема влијание за позицијата на собата, на кој спрат е собата, големина на креветите, софите, фотелја или помошно легло. Распределбата на собите е од страна на службите на рецепција во хотелот, по пристигнувањето на гостите.

Забелешка: поради новите мерки за заштита од Ковид-19, хотелот го задржува правото за промена на некои содржини без претходна најава.

• Веб страна на хотелот

Содржини

• Спорт и забава
• Јавање
• Ноќен клуб
• Пикадо
• Сала за вежбање (Теретана)
• Тенис
• Општо
• Собна услуга
• За деца
• Детско игралиште
• Клуб за деца
• Плажа
• Лежалки за плажа
• Ресторани и барови
• Ресторан

Локација