Hawaii Le Jardin Aqua Park Resort

1. Egipet
2. Crveno more
3. Hurgada
• Hawaii Le Jardin Aqua Park Resort
• 81 слики

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил fibula@t.mk .
.hotel-description {
max-width: 1220px;
column-count: 2;
margin: 0 auto;
margin-top: 30px;
column-

Инфо Hawaii Le Jardin Aqua Park Resort

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил fibula@t.mk.
• Положба

Хотелот се наоѓа на околу 15 км од центарот на Хургада и околу 20 км од аеродромот.

• Сместување

Хотелот располага со вкупно 557 сместувачки единици. Ресортот има објекти за 5 ката.

• Стандардни соби (50 м², една спална соба со брачен кревет, купатило со туш кабина, дневна соба со можност за спиење).
• Фамилијарни соби Со доплата: мини бар (едно шише вода при пристигнувањето бесплатно), телефон, услуга во соба.

Сите соби имаат сателитска ТВ, сеф, мини бар, клима уред, фен,телефон, балкон или тераса.

• Услуга

Сѐ вклучено појадок, доцен појадок, ручек, вечера (самопослужување - избор на повеќе јадења, по хотелски правила). Покрај главниот ресторан, хотелот има и два À la carte ресторани - медитерански и рибен ресторан. Има и барови - Лоби бар, бар покрај базен, Сплеш снек бар и бар на плажа. Со доплата: пијалоци во шише и лименка, свежо овошје, цедено овошје, милкшејк, турско кафе, коктели и увозни алкохолни пијалоци, наргиле, À la carte ресторани, храна надвор од наведеното време, и сѐ што не е наведено. Сите пијалоци надвор од главниот ресторан на хотелот се служат во пластични чаши. Пијалоци кои се опфатени со оваа услуга се: одредени домашни алкохолни и безалкохолни пијалоци, на одредено место во предвиденото време, и тоа: вода од диспанзер, сокови, вода, кафе, чај, пиво, вино и жестоки пијалоци.

• Содржини

Хотелот е реновиран и повторно отворен кон крајот на 2016 година. Претходно бил познат како Festival и Sunrise Le Jardin. Прекрасно уредениот хотелски комплекс е идеален за семејства со деца и за сите оние кои сакаат аква паркови и спортови на вода. Hawaii Le Jardin дели плажа со Hawaii Riviera и гостите можат да ги користат капацитетите на двата хотели (не вклучувајќи го ресторанот).

• Плажа

Песочната плажа е прекрасно уредена и гостите на хотелот можат да користат крпи, лежалки и чадори за сонце без доплата. Еден помал дел е со корален гребен, а поголемиот дел од зоната за капење е плитка вода и задолжителна употреба на чевли за капење.

• Спорт и забава

Хотелот располага со три базени - два за возрасни и еден базен за деца (еден базен за возрасни и детски базен се греат во зима), аква парк, тениско игралиште, мини фудбалско игралиште, одбојка на плажа, пинг понг, аеробик, Wi-Fi во лоби (со ограничена брзина и број на корисници), мини клуб, дневни и ноќни анимации, теретана. За деца има базен, мини диско, детски клуб (5-12 години) и игралиште. Со доплата: здравствени услуги, спа, сауна, џакузи, турска бања, салон за убавина, конференциска сала, центар за нуркање, аква центар, диско (влезот е бесплатен), билијард, тенис, лекар (на барање), услуги за перење и пеглање.

• Внимание

Домашни миленици не се дозволени, во сите ресторани е задолжителен dress code.

Одредени содржини и услуги во хотелот не се бесплатни за користење, а тоа подразбира користење пијалоци од мини барот, гледање некои телевизиски канали, користење услуги на СПА ЦЕНТАР, телефон, факс, интернет, спортови на вода, храна и пијалоци во баровите и À la carte рестораните, користење спортски терени и спортска опрема, користење услуги за хемиско чистење, пеглање, паркинг, гаража, влезници за аква парк и слично. Детални информации за доплата и цена на услугите, како и работно време на баровите, рестораните и другите хотелски содржини се добиваат по пристигнувањето во хотелот, на рецепција.

Посебни барања и напомени во резервацијата не се составен дел од договорот и со самото тоа не се обврзувачки. Организаторот на патувањето нема влијание за позицијата на собата, на кој спрат е собата, големина на креветите, софите, фотелја или помошно легло. Распределбата на собите е од страна на службите на рецепција во хотелот, по пристигнувањето на гостите.

Забелешка: поради новите мерки за заштита од Ковид-19, хотелот го задржува правото за промена на некои содржини без претходна најава.

• Веб страна на хотелот

Содржини

• Општо
• Собна услуга
• За деца
• Детско игралиште
• Клуб за деца
• Плажа
• Лежалки за плажа

Локација