Jaz Aquamarine

1. Egipet
2. Crveno more
3. Hurgada
• Jaz Aquamarine
• 50 слики
• Наша препорака

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил fibula@t.mk .
.hotel-description {
max-width: 1220px;
column-count: 2;
margin: 0 auto;
margin-top: 30px;
column-

Инфо Jaz Aquamarine

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил fibula@t.mk.
• Положба

Хотелот се наоѓа во јужниот дел на Хургада, во близина на областа Сал Хашиш, 14 км од аеродромот и 18 км од центарот на Хургада.

• Сместување

Вкупно 1001 соба.

• Стандардните соби (30 м², една спална со еден дупли или два единечни кревета, едно купатило, макс. 2 лица).
• Супериор соби (35 м², два единечни кревета, едно купатило, макс 2+1 дете).
• Делукс фамилијарни соби (45 м², две посебни спални – едната со дупли кревет, а другата со2 софи, едно купатило, макс. 2+2 или 3+1).
• Делукс фамилијарни соби со кревети на спрат (45 м², еден дупли кревет и кревети на спрат, едно купатило, макс. 2+2).

Собите се двокреветни (двоен или брачен кревет) или двокреветни со дополнителен кревет (два единечни кревети или брачен кревет и дополнителен кревет). Сите соби имаат клима уред, балкон/тераса, телефон, сателитска ТВ, сеф, фен и мини бар (се доплаќа).

• Услуга

Сѐ вклучено шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, закуски во текот на денот, попладне чај, бар на плажа и покрај базен, À la carte ресторани со азиска, арапска, индиска и италијанска кујна со претходна резервација и бесплатни еднаш за мин. 7 дена престој, локални алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10:00-00:00 часот. Со доплата: сите увозни пијалоци, пијалоци во шише и лименка, храна и пијалоци по полноќ, и сѐ друго што не е наведено во концептот.

• Содржини

Комплексот Jaz Aquamarine Resort се состои од 2 дела - Аквамарин и Блумарин. Главен ресторан, рецепција, менувачница, шест À la carte ресторани, барови. Wi-Fi интернет на рецепција. Гостите можат да позајмуваат на рецепција со депозит: адаптер за струја, пегла, детско седиште. Со доплата: услуга во соба, СПА центар, тенис, перална, изнајмување кола, Wi-Fi интернет со поголема брзина, салон за убавина, продавници, лекар, чување деца, автобус до Хургада, нуркање и аква центар.

• Плажа

Приватна песочна плажа, има дел со корален гребен, додека повеќето зони се со плитка вода. Чевлите на плажа се задолжителни. Плажата е идеална за љубителите на нуркање и подводниот свет. Лежалки, крпи и чадори за сонце се бесплатни.

• Спорт и забава

18 базени за деца и возрасни (2 базена се загреани во зима), 4 Аква паркови (17 тобогани високи до 12 m), 2 џакузи на плажа, одбојка, спортски терени, теретана, пинг-понг, видео игри, детски аква парк и мини клуб, тениски терени, патека за трчање.

• Внимание

Домашни миленици не се дозволени, во сите ресторани е задолжителен dress code.

Одредени содржини и услуги во хотелот не се бесплатни за користење, а тоа подразбира користење пијалоци од мини барот, гледање некои телевизиски канали, користење услуги на СПА ЦЕНТАР, телефон, факс, интернет, спортови на вода, храна и пијалоци во баровите и À la carte рестораните, користење спортски терени и спортска опрема, користење услуги за хемиско чистење, пеглање, паркинг, гаража, влезници за аква парк и слично. Детални информации за доплата и цена на услугите, како и работно време на баровите, рестораните и другите хотелски содржини се добиваат по пристигнувањето во хотелот, на рецепција.

Посебни барања и напомени во резервацијата не се составен дел од договорот и со самото тоа не се обврзувачки. Организаторот на патувањето нема влијание за позицијата на собата, на кој спрат е собата, големина на креветите, софите, фотелја или помошно легло. Распределбата на собите е од страна на службите на рецепција во хотелот, по пристигнувањето на гостите.

Забелешка: поради новите мерки за заштита од Ковид-19, хотелот го задржува правото за промена на некои содржини без претходна најава.

• Веб страна на хотелот

Содржини

• Општо
• Собна услуга
• За деца
• Детско игралиште
• Клуб за деца

Локација