Marlin Inn Azur Resort

• Marlin Inn Azur Resort
• 39 слики

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил fibula@t.mk .
.hotel-description {
max-width: 1220px;
column-count: 2;
margin: 0 auto;
margin-top: 30px;
column-

Инфо Marlin Inn Azur Resort

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил fibula@t.mk.
• Положба

Хотелот се наоѓа во областа Ел Мемша во Хургада, која е поновиот центар на Хургада, 4 км од меѓународниот аеродром Хургада и 3 км од центарот на Хургада.

• Сместување

Вкупно 419 соби. Собите се двокреветни (двоен или брачен кревет) или двокреветни со дополнителен кревет (два единечни кревети или брачен кревет и дополнителен кревет).

Сите сместувачки единици вклучуваат мини бар (се доплаќа), сеф, телефон, сателитска ТВ, клима уред, бања (када или туш), фен. Повеќето стандардни соби имаат балкон/тераса.

• Услуга

Сѐ вклучено Услугата во хотелот е сѐ вклучено со шведска маса. Спрема хотелското правило поради недоволен број на гости или други фактори, во некои периоди, сезонски или вон сезона, наместо шведска маса, се служи мени, што не влијае на квалитетот на дадената услуга.

• Содржини

Хотелот располага со главен ресторан, бар, снек бар, отворен базен, турска бања, масажа, спа и велнес центар, фитнес центар, сауна, анимација, детски клуб, пикадо, пинг-понг, Wi-Fi на јавни места места во хотелот. Со доплата консумирање пијалоци од мини бар или мини фрижидер во хотелската соба, гледање одредени ТВ канали, масажа, спа, сауна, џакузи, фитнес, парна или турска бања, сеф, телефон, интернет, спортови на вода - моторизирани и немоторизирани, храна и пијалоци во барови и ресторани A la Carte, депозит за пешкири, користење на спортски терени, изнајмување опрема, изнајмување рекети и тениски топчиња, употреба на хемиско чистење, пеглање и перална, паркинг, гаража, билет за аква парк и слично.

• Плажа

Хотелот има приватна песочна плажа, опремена со лежалки и чадори за сонце, кои се бесплатни.

• Внимание

Домашни миленици не се дозволени, во сите ресторани е задолжителен dress code.

Одредени содржини и услуги во хотелот не се бесплатни за користење, а тоа подразбира користење пијалоци од мини барот, гледање некои телевизиски канали, користење услуги на СПА ЦЕНТАР, телефон, факс, интернет, спортови на вода, храна и пијалоци во баровите и À la carte рестораните, користење спортски терени и спортска опрема, користење услуги за хемиско чистење, пеглање, паркинг, гаража, влезници за аква парк и слично. Детални информации за доплата и цена на услугите, како и работно време на баровите, рестораните и другите хотелски содржини се добиваат по пристигнувањето во хотелот, на рецепција.

Посебни барања и напомени во резервацијата не се составен дел од договорот и со самото тоа не се обврзувачки. Организаторот на патувањето нема влијание за позицијата на собата, на кој спрат е собата, големина на креветите, софите, фотелја или помошно легло. Распределбата на собите е од страна на службите на рецепција во хотелот, по пристигнувањето на гостите.

Забелешка: поради новите мерки за заштита од Ковид-19, хотелот го задржува правото за промена на некои содржини без претходна најава.

• Веб страна на хотелот

Содржини

• За деца
• Детско игралиште

Локација