Pharaoh Azur Resort

• Pharaoh Azur Resort
• 31 слики

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил fibula@t.mk .
.hotel-description {
max-width: 1220px;
column-count: 2;
margin: 0 auto;
margin-top: 30px;
column-

Инфо Pharaoh Azur Resort

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил fibula@t.mk.
• Положба

Хотелот се наоѓа во Сал Хашиш на 18 км од центарот на Хургада и 12 км од аеродромот.

• Сместување

Вкупно 357 соби.

• Стандардни соби
• Бунгалови

Собите се стандардни соби или бунгалови (со една или со две спални соби). Сите соби имаат балкон/тераса, клима уред, сателитска ТВ, LCD телевизор, мини бар, фен за коса, чајник, сеф.

• Услуга

Се вклучено шведска маса за појадок, ручек и вечера. Концептот вклучува и закуски и локални алкохолни и безалкохолни пијалоци.

• Содржини

Главен ресторан за шведска маса, италијански и кинески À la carte ресторани, барови покрај базенот, лоби бар и бар на плажа. Со доплата се À la carte ресторан, свежо цедени сокови, увезени алкохолни и безалкохолни пијалоци, собна услуга, телефон, услуга за перење и пеглање, продавници, паркинг, изнајмување кола, лекар, менувачница и сѐ останато надвор од концептот. WI-FI интернет со доплата.

• Плажа

Хотелот има своја песочна плажа долга 400 метри, еден помал дел е со корален гребен, кој привлекува голем број љубители на подводниот свет, а најголемиот дел е простор за капење со плитка вода. Крпи, лежалки и чадори за сонце се бесплатни.

• Спорт и забава

Хотелот нуди два надворешни базени, еден внатрешен базен, детски базен, тениско игралиште, фудбалско игралиште, терен за сквош, одбојка, пинг-понг, мини фудбал, кошарка. Гостите на хотелот можат да ја користат теретаната без доплата. Со доплата осветлување на тениски терени, спортови на вода. Игралишта за деца.

• Внимание

Домашни миленици не се дозволени, во сите ресторани е задолжителен dress code.

Одредени содржини и услуги во хотелот не се бесплатни за користење, а тоа подразбира користење пијалоци од мини барот, гледање некои телевизиски канали, користење услуги на СПА ЦЕНТАР, телефон, факс, интернет, спортови на вода, храна и пијалоци во баровите и À la carte рестораните, користење спортски терени и спортска опрема, користење услуги за хемиско чистење, пеглање, паркинг, гаража, влезници за аква парк и слично. Детални информации за доплата и цена на услугите, како и работно време на баровите, рестораните и другите хотелски содржини се добиваат по пристигнувањето во хотелот, на рецепција.

Посебни барања и напомени во резервацијата не се составен дел од договорот и со самото тоа не се обврзувачки. Организаторот на патувањето нема влијание за позицијата на собата, на кој спрат е собата, големина на креветите, софите, фотелја или помошно легло. Распределбата на собите е од страна на службите на рецепција во хотелот, по пристигнувањето на гостите.

Забелешка: поради новите мерки за заштита од Ковид-19, хотелот го задржува правото за промена на некои содржини без претходна најава.

• Веб страна на хотелот

Содржини

• Општо
• Собна услуга
• За деца
• Детско игралиште
• Клуб за деца

Локација