Seagull Beach Resort
- Egipet
- Crveno more
- Hurgada

- 80 слики
Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил fibula@t.mk .
.hotel-description {
max-width: 1220px;
column-count: 2;
margin: 0 auto;
margin-top: 30px;
column-
Инфо Seagull Beach Resort

Положба
Хотелот се наоѓа во центарот на Сакала на 500 метри од новата марина и 9 км од аеродромот во Хургада.

Сместување
Собите се двокреветни (единечен или дупли кревет) или двокреветни со дополнителен кревет (два единечни кревети или дупли кревет и дополнителен кревет).
- Стандардни соби
- Стандардни соби со поглед на море (само за возрасни)
- Фамилијарни соби
- Апартмани:
Сите соби се опремени со: балкон/тераса, бања (туш или када), клима уред, мини фрижидер (со доплата), фен, сателитска ТВ, телефон.

Услуга
Ултра Се вклучено појадок, ручек, вечера, ужина, безалкохолни пијалоци и одредени алкохолни пијалоци - 24 часа храна и пијалоци, À la carte ресторани (италијански, медитерански, кинески) бесплатно еднаш за време на престој со претходна резервација, барови низ хотелскиот комплекс. Јапонски и индиски À la carte ресторан се со доплата (бесплатни се само за VIP пакетот).

Содржини
Хотелот содржи ресторан за шведска маса, 2 рецепции, менувачница, складирање на багаж, 12 ресторани и барови, Wi-Fi интернет достапен на одредени јавни површини во хотелот (не во текот на целиот ден). Со доплата: спа и велнес, масажа, џакузи, сауна, салонот за убавина, спортови на вода, нуркање, сквош, билијард, риболов, овошје, некои вина и шампањ, лекарска услуга, собна услуга, перење и пеглање, чување деца, сеф на рецепција.

Плажа
Хотелот се наоѓа 200 метри од приватната песочна плажа, влезот во водата е постепен, дел од плажата има корален гребен, се препорачуваат чевли за на плажа. Другиот дел од плажата е во заливот. Плажата има лежалки и чадори за сонце.

Спорт и забава
Хотелот располага со 8 базени, аква парк со 11 лизгалки, детски базен, детски клуб, 2 игралишта, фитнес, аеробик, анимација, пикадо, караоке, тениско игралиште, пинг-понг, игротека, диско.

Внимание
Домашни миленици не се дозволени, во сите ресторани е задолжителен dress code.
Одредени содржини и услуги во хотелот не се бесплатни за користење, а тоа подразбира користење пијалоци од мини барот, гледање некои телевизиски канали, користење услуги на СПА ЦЕНТАР, телефон, факс, интернет, спортови на вода, храна и пијалоци во баровите и À la carte рестораните, користење спортски терени и спортска опрема, користење услуги за хемиско чистење, пеглање, паркинг, гаража, влезници за аква парк и слично. Детални информации за доплата и цена на услугите, како и работно време на баровите, рестораните и другите хотелски содржини се добиваат по пристигнувањето во хотелот, на рецепција.
Посебни барања и напомени во резервацијата не се составен дел од договорот и со самото тоа не се обврзувачки. Организаторот на патувањето нема влијание за позицијата на собата, на кој спрат е собата, големина на креветите, софите, фотелја или помошно легло. Распределбата на собите е од страна на службите на рецепција во хотелот, по пристигнувањето на гостите.
Забелешка: поради новите мерки за заштита од Ковид-19, хотелот го задржува правото за промена на некои содржини без претходна најава.
Веб страна на хотелот
Содржини

За деца
- Детско игралиште
- Клуб за деца

Плажа
- Лежалки за плажа