Iberotel Casa Del Mar Resort

1. Egipet
2. Crveno more
3. Hurgada
• Iberotel Casa Del Mar Resort
• 25 слики

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил fibula@t.mk .
.hotel-description {
max-width: 1220px;
column-count: 2;
margin: 0 auto;
margin-top: 30px;
column-

Инфо Iberotel Casa Del Mar Resort

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил fibula@t.mk.
• Положба

Хотелот се наоѓа во Хургада, на јужниот крај на градот, на познатото шеталиште Ел Мемша. Сакала (центар) е на околу 8 км, додека меѓународниот аеродром во Хургада е на околу 4 километри.

• Сместување

Вкупно 204 соби вклучувајќи 3 соби за лица со попреченост.

• Стандардните соби (24 м², без балкон).
• Супериор соби (36 м², една спална со два единечни кревета, софа, едно купатило, макс.2+1 дете).
• Супериор Делукс соби (36 м², една спална со дупли кревет, софа, едно купатило, макс.2+1 дете).
• Фамилијарни соби (51 м², две соби – едната спалана е со два единечни кревета, а во другата соба две софи, едно купатило, макс.2+2).

Собите се со балкон или тераса со поглед на базен или градина, сателитска ТВ, клима уред, сет за кафе и чај, фен, мини бар (со доплата), сеф.

• Услуга

Сѐ вклучено шведска маса за појадок, ручек, вечера, ужина, локални алкохолни и безалкохолни пијалоци, минерална вода, избор на повеќе јадења, правилото на хотелот е дека поради недоволен број на гости или други фактори, во некои периоди, било сезона или надвор од сезоната, се служи мени наместо шведска маса, кое не влијае на квалитетот на дадената услуга.

• Содржини

Хотелот Jaz Casa Del Mar Resort располага со 2 надворешни базени, едниот со лизгалки, аква парк со 3 лизгалки, надворешно џакузи, фитнес, билијард, пикадо, пинг-понг, бесплатен ограничен Wi-Fi на јавни површини - рецепција и на балконите/терасите од собите, главен ресторан Panorama, ресторан La Terrace, 2 барови покрај базен, бар на плажа, диско, мини клуб за деца од 4-12 години, игралиште за деца, анимација во текот на денот и вечерта итн.

• Плажа

Ресортот Jaz Casa Del Mar се наоѓа на 400 метри од песочната плажа и ја дели плажата со Jaz Casa Del Mar Beach 5 *. Лежалки и чадори за сонце се бесплатни.

• Внимание

Домашни миленици не се дозволени, во сите ресторани е задолжителен dress code.

Одредени содржини и услуги во хотелот не се бесплатни за користење, а тоа подразбира користење пијалоци од мини барот, гледање некои телевизиски канали, користење услуги на СПА ЦЕНТАР, телефон, факс, интернет, спортови на вода, храна и пијалоци во баровите и À la carte рестораните, користење спортски терени и спортска опрема, користење услуги за хемиско чистење, пеглање, паркинг, гаража, влезници за аква парк и слично. Детални информации за доплата и цена на услугите, како и работно време на баровите, рестораните и другите хотелски содржини се добиваат по пристигнувањето во хотелот, на рецепција.

Посебни барања и напомени во резервацијата не се составен дел од договорот и со самото тоа не се обврзувачки. Организаторот на патувањето нема влијание за позицијата на собата, на кој спрат е собата, големина на креветите, софите, фотелја или помошно легло. Распределбата на собите е од страна на службите на рецепција во хотелот, по пристигнувањето на гостите.

Забелешка: поради новите мерки за заштита од Ковид-19, хотелот го задржува правото за промена на некои содржини без претходна најава.

• Веб страна на хотелот

Содржини

• Општо
• Собна услуга
• За деца
• Детско игралиште
• Клуб за деца

Локација