Steigenberger ALDAU Beach Hotel

1. Egipet
2. Crveno more
3. Hurgada
• Steigenberger ALDAU Beach Hotel
• 63 слики
• Наша препорака

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил fibula@t.mk .
.hotel-description {
max-width: 1220px;
column-count: 2;
margin: 0 auto;
margin-top: 30px;
column-

Инфо Steigenberger ALDAU Beach Hotel

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил fibula@t.mk.
• Положба

Хотелот се наоѓа во Ел Мамша во Хургада, на 7 км од центарот Сакала и 3 км од аеродромот во Хургада.

• Сместување

Собите се двокреветни (два единечни кревети или брачен кревет) или двокреветни со дополнителен кревет (два единечни кревети или брачен кревет и дополнителен кревет).

• Стандардни соби
• Фамилијарни
• Делукс соба

Собите се двокреветни (двоен или брачен кревет) или двокреветни со дополнителен кревет (два единечни кревети или брачен кревет и дополнителен кревет). Собите имаат купатило (када или туш), клима уред, сателитска ТВ, мини бар (со доплата), сеф, апарат за чај и кафе, фен, балкон/тераса, телефон. Делукс собите се луксузно опремени и пространи. Семејните соби се опремени како луксузни соби, но се малку поголеми.

• Услуга

Се вклучено шведска маса за појадок, ручек, вечера. Поради недоволен број на гости или други фактори, во некои периоди, било сезона или надвор од сезоната, наместо шведска маса, се служи мени, кое не влијае на квалитетот на услуга.

• Содржини

Хотелот располага со голем број ресторани и барови. Главен ресторан за шведска маса со меѓународна кујна Tamarind Restaurant, Bwala ресторан покрај базенот, Tanga ресторан на плажа и други, бесплатен Wi-Fi интернет на јавни места. Со доплата СПА центар, сауна , масажи, услуга во соба, интернет кафе, банка, фризер, лекарски услуги, продавници, топчиња за голф итн.

• Плажа

Хотел има сопствена песочна плажа долга 400 метри. Еден дел е со корали и е погоден за љубителите на подводниот свет, а поголемиот дел е простор за капење, со лежалки и чадори бесплатно.

• Спорт и забава

Базени за деца и возрасни, базен со солена вода, детски клуб, фитнес центар, теретана, џакузи, нуркачки клуб и аква центар, терени за голф, сурфање на ветер, скијање на вода, дневна и вечерна програма и забава. Гостите со платена Сѐ Вклучено услуга можат бесплатно да го користат аква паркот во Steigenberger Aqua Magic, лоциран преку улицата.

• Внимание

Домашни миленици не се дозволени, во сите ресторани е задолжителен dress code.

Одредени содржини и услуги во хотелот не се бесплатни за користење, а тоа подразбира користење пијалоци од мини барот, гледање некои телевизиски канали, користење услуги на СПА ЦЕНТАР, телефон, факс, интернет, спортови на вода, храна и пијалоци во баровите и À la carte рестораните, користење спортски терени и спортска опрема, користење услуги за хемиско чистење, пеглање, паркинг, гаража, влезници за аква парк и слично. Детални информации за доплата и цена на услугите, како и работно време на баровите, рестораните и другите хотелски содржини се добиваат по пристигнувањето во хотелот, на рецепција.

Посебни барања и напомени во резервацијата не се составен дел од договорот и со самото тоа не се обврзувачки. Организаторот на патувањето нема влијание за позицијата на собата, на кој спрат е собата, големина на креветите, софите, фотелја или помошно легло. Распределбата на собите е од страна на службите на рецепција во хотелот, по пристигнувањето на гостите.

Забелешка: поради новите мерки за заштита од Ковид-19, хотелот го задржува правото за промена на некои содржини без претходна најава.

• Веб страна на хотелот

Содржини

• Општо
• Собна услуга
• За деца
• Детско игралиште
• Клуб за деца

Локација