Titanic Beach Spa & Aqua Park

1. Egipet
2. Crveno more
3. Hurgada
• Titanic Beach Spa & Aqua Park
• 42 слики

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил fibula@t.mk .
.hotel-description {
max-width: 1220px;
column-count: 2;
margin: 0 auto;
margin-top: 30px;
column-

Инфо Titanic Beach Spa & Aqua Park

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил fibula@t.mk.
• Положба

Хотелот се наоѓа во јужниот дел, на околу 17 км од центарот на Хургада и околу 11 км од аеродромот, веднаш до хотелот Titanic Palace 5*.

• Сместување

Собите се двокреветни (двоен или дупли кревет) или двокреветни со дополнителен кревет (два единечни кревети или дупли кревет и дополнителен кревет).

• Стандардни соби (48 м², макс.2+1).
• Фамилијарни соби (50 м², две посебни спални соби, макс.2+2).

Сите соби имаат балкон или тераса, купатило со туш кабина, фен, сеф, сателитска ТВ, клима и мини бар (се доплаќа, на лице место).

• Услуга

Се вклучено според програмата на хотелот Titanic Beach 5 *. Во хотелите кои обезбедуваат услуга на шведска маса - самопослужување, избор на повеќе јадења, правилото на хотелот е дека поради недоволен број на гости или други фактори, во некои периоди, било сезона или надвор од сезоната, се служи мени наместо шведска маса, кое не влијае на квалитетот на дадената услуга.

• Содржини

Хотелот има 3 ресторани, барови во рамките на хотелскиот комплекс, базен, детски базен, Wi-Fi интернет на јавни површини, Спа, фитнес центар, салон за убавина, услуги за перење и пеглање, аква парк, детски клуб, мини голф, нуркање, куглање, пикадо, сурфање на бран, пинг понг, билијард, детско игралиште, тениско игралиште, услуга за чување деца, продавница за сувенири, автомати за продажба на храна и пијалоци, банкомат, паркинг.

• Плажа

Хотелската плажа е песочна, долга околу 500 метри, која хотелот ја дели со хотелот Titanic Palace. Еден дел од плажата е со корален гребен, а поголемиот дел е зона со плитка вода. Влезот во водата е корален, водата се повлекува, во зависност од плимата, кога водата се повлекува и е многу плитка во почетокот на плажата. Лежалки и чадори за сонце може да се користат без доплата.

• Внимание

Домашни миленици не се дозволени, во сите ресторани е задолжителен dress code.

Одредени содржини и услуги во хотелот не се бесплатни за користење, а тоа подразбира користење пијалоци од мини барот, гледање некои телевизиски канали, користење услуги на СПА ЦЕНТАР, телефон, факс, интернет, спортови на вода, храна и пијалоци во баровите и À la carte рестораните, користење спортски терени и спортска опрема, користење услуги за хемиско чистење, пеглање, паркинг, гаража, влезници за аква парк и слично. Детални информации за доплата и цена на услугите, како и работно време на баровите, рестораните и другите хотелски содржини се добиваат по пристигнувањето во хотелот, на рецепција.

Посебни барања и напомени во резервацијата не се составен дел од договорот и со самото тоа не се обврзувачки. Организаторот на патувањето нема влијание за позицијата на собата, на кој спрат е собата, големина на креветите, софите, фотелја или помошно легло. Распределбата на собите е од страна на службите на рецепција во хотелот, по пристигнувањето на гостите.

Забелешка: поради новите мерки за заштита од Ковид-19, хотелот го задржува правото за промена на некои содржини без претходна најава.

• Веб страна на хотелот

Содржини

• Општо
• Собна услуга
• За деца
• Детско игралиште
• Клуб за деца
• Плажа
• Лежалки за плажа

Локација