Fort Arabesque Resort, Spa & Villas

1. Egipet
2. Crveno more
3. Makadi Bay
• Fort Arabesque Resort, Spa & Villas
• 15 слики
• Наша препорака

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил fibula@t.mk .
.hotel-description {
max-width: 1220px;
column-count: 2;
margin: 0 auto;
margin-top: 30px;
column-

Инфо Fort Arabesque Resort, Spa & Villas

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил fibula@t.mk.
• Положба

Хотелот се наоѓа во заливот Макади покрај сопствена плажа, на околу 20 км од Хургада. Хотелот е отворен во 1997 година, а последен пат реновиран во 2013 година. Хотелот има 4-катни згради со вкупно 521 соба. Комплексот има 3 дела - Fort Arabesque Beach Resort & Spa, Fort Arabesque The Villas (само +16) и Fort Arabesque The West Bay (само +16). Опкружен е со прекрасни градини, нуди еспрекорна услуга, а благодарение на богатиот и живописен подводен свет, овој хотел претставува совршен избор за љубителите на нуркањето. За децата има посебен детски базен.

• Сместување

Комплксот има вкупно 521 соба и сите имаат балкон / тераса, клима, сателитска ТВ, сеф, мини бар, електричен бокал. Fort Arabesque the Villas е каскаден дел од комплексот и неколку реда од вилите имаат директен пристап до базен, но сепак секоја вила има доволно приватност.

• Fort Arabesque Beach Resort & Spa Стандардни соби 30 м², ги има на секој кат и имаат поглед кон градина.
• Fort Arabesque Beach Resort & Spa Супериор соби 38 м², се наоѓаат на 2, 3 и 4ти кат, со директен и страничен поглед на море.
• Fort Arabesque Beach Resort & Spa Фамилијарни соби 43 м², со 2 дупли кревета или еден дупли + 1 единечен и софа на спуштање, со поглед кон градина или базен, се наоѓаат на првиот кат.
• Вилите со една спална и директен пристап на базен се околу 90 м², имаат дневна и една сплана соба, тераса и директен пристап на базен.
• Вилите со две спални и директен пристап на базен се дуплекси со околу 90 м², имаат две спални соби, дневна соба и две купатила.
• Fort Arabesque West Bay: Стандардни соби со големина 32 – 42 м², со делумен или директен поглед на море.
• Fort Arabesque West Bay: Супериор собите се околу 35 м² и имаат поглед на море. Јуниор
• Fort Arabesque West Bay: Јуниор апартманите се со околу 55 м² и имаат поглед на море. Со доплата се телефон, услуга во соба, мини бар, Wi-Fi интернет.

• Услуга

Премиум Сѐ вклучено и Сѐ вклучено шведска маса за појадок, ручек, вечера. Услугата Премиум Сѐ вклучено во однос на услугата Сѐ вклучено го има и следново: оброци во 2 À la carte ресторани – The Pavillion и Club 159, услуга Beach Service Plus (резервација на лежалки и чадори по избор, со мини фрижидер со пијалоци на плажа), бесплатен интернет на јавните места, попуст во СПА центарот, подготвка на коктели со премиум локални пијалоци, неограничена употреба на теретана. Со доплата се Club 159 (освен за гостите на Fort Arabesque The Villas и за гостите со Премиум Сѐ вклучено, свежо цедени сокови, увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци. Хотелот има право да промени некои од услугите во зависност од сезоните (време, содржини, и сл.).

• Содржини

Доктор на барање, продавници за облека, кожа и злато, банкомат, аптека, фризер, перење и пеглање алишта.

• Плажа

Плажата на овој хотел е една од најубавите во регионот на Црвеното Море и е најдобриот дел од овој хотел. Широка е 900 м со неколку места за сноркелинг (корален гребен со живи шарени корали и риби). Има и повеќе одбележани коридори каде може да се влезе во морето без обувки за капење. Плажата е добро уредена и на неа се наоѓаат ресторани, барови, тоалети, анимација за деца и возрасни, неколку спортски терени. Гостите на хотелот може бесплатно да користат чадори за сонце, лежалки и крпи за на плажа.

• Спорт и забава

Хотелот има 4 базена, од кои што загреан е еден за возрасни и еден за деца, аеробик во вода, пинг понг, тениски терени, спортови на вода. Со доплата се теретана (бесплатна за гостите на Fort Arabesque The Villas), тениска опрема, билијард, интернет (достапни се картички за интернет на рецепција, бесплатно е за гостите на Fort Arabesque The Villas. Во СПА центарот се плаќаат масажи, ароматични масажи, таласотерапија, пилинг и други третмани за нега на тело и лице.

• Внимание

Домашни миленици не се дозволени, во сите ресторани е задолжителен dress code.

Одредени содржини и услуги во хотелот не се бесплатни за користење, а тоа подразбира користење пијалоци од мини барот, гледање некои телевизиски канали, користење услуги на СПА ЦЕНТАР, телефон, факс, интернет, спортови на вода, храна и пијалоци во баровите и À la carte рестораните, користење спортски терени и спортска опрема, користење услуги за хемиско чистење, пеглање, паркинг, гаража, влезници за аква парк и слично. Детални информации за доплата и цена на услугите, како и работно време на баровите, рестораните и другите хотелски содржини се добиваат по пристигнувањето во хотелот, на рецепција.

Посебни барања и напомени во резервацијата не се составен дел од договорот и со самото тоа не се обврзувачки. Организаторот на патувањето нема влијание за позицијата на собата, на кој спрат е собата, големина на креветите, софите, фотелја или помошно легло. Распределбата на собите е од страна на службите на рецепција во хотелот, по пристигнувањето на гостите.

Забелешка: поради новите мерки за заштита од Ковид-19, хотелот го задржува правото за промена на некои содржини без претходна најава.

• Веб страна на хотелот

Содржини

• Општо
• Собна услуга
• За деца
• Детско игралиште
• Клуб за деца

Локација