Jaz Aquaviva

1. Egipet
2. Crveno more
3. Makadi Bay
• Jaz Aquaviva
• 49 слики
• Наша препорака

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил fibula@t.mk .
.hotel-description {
max-width: 1220px;
column-count: 2;
margin: 0 auto;
margin-top: 30px;
column-

Инфо Jaz Aquaviva

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил fibula@t.mk.
• Положба

Jaz Aquaviva е на 30 км од аеродромот во Хургада и 29 км од Сакала, стариот живописен центар на Хургада. Хотелот е издвоен и опкружен со голф терени, а само на 3 км е Макади Сук каде што може да уживате во изборот на многубројни ресторани, барови и продавници.

• Сместување

Хотелот располага со 487 соби.

• Стандардните соби
• Супериор соби
• Фамилијарни соби
• Апартман
• Соби за лица со попреченост

Сите соби имаат купатило со туш / када, фен, сеф, мини бар (со доплата), телефон, клима уред, сет за чај или кафе, САТ ТВ, балкон или тераса.

• Услуга

Сѐ вклучено главен ресторан со шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, слаткарница, два бара, закуски на плажа, сладолед во определени часови, кафе, чај, колачи и торти во определени часови, часови за готвење, пијалоци во главниот ресторан и барови, вегетаријанско мени и À la carte ресторан еднаш за време на престојот со претходна резервација од 48 часа, бесплатен влез во аква паркот. Сите пијалоци од концептот се служат од 10.00 – 00.00 ч. Сите закуски од концептот се служат од 12.00-16.00 ч.

• Содржини

Хотелот е модерен и се простира на површина од 40.000 м², со аква парк кој има оклоу 50 тобогани. Овој аква парк - MAKADI WATER WORLD го користат и другите Jaz хотели со локација во Мадинат Макади. Хотелот располага и со 8 отворени базени, Спа Центар (MIVIDA) со разновидни масажи (со доплата), сауна, фитнес, повеќе ресторани, вклучувајќи го и главниот ресторан (Amaraya и À la carte ресторани со медитеранска, италијанска кујна и скара ресторан), повеќе барови, пинг понг, тенис, ватерполо, гимнастика, пикадо, теретана, мини клуб за деца, игралиште за деца, продавници итн. Доплата за услуги за доктор, продавници, спортови на вода, сервис за перење и пеглање алишта и сл. Wi-fi интернет (за 2 уреда) е бесплатен на јавни површини.

• Плажа

Хотелот се наоѓа на околу 3,5 км од песочна плажа, до која има редовен превоз со мини бус. На плажата дел е со корален гребен, погоден за љубителите на подводниот свет и нуркање. Лежалките и чадорите за сонце се бесплатни.

• Внимание

Домашни миленици не се дозволени, во сите ресторани е задолжителен dress code.

Одредени содржини и услуги во хотелот не се бесплатни за користење, а тоа подразбира користење пијалоци од мини барот, гледање некои телевизиски канали, користење услуги на СПА ЦЕНТАР, телефон, факс, интернет, спортови на вода, храна и пијалоци во баровите и À la carte рестораните, користење спортски терени и спортска опрема, користење услуги за хемиско чистење, пеглање, паркинг, гаража, влезници за аква парк и слично. Детални информации за доплата и цена на услугите, како и работно време на баровите, рестораните и другите хотелски содржини се добиваат по пристигнувањето во хотелот, на рецепција.

Посебни барања и напомени во резервацијата не се составен дел од договорот и со самото тоа не се обврзувачки. Организаторот на патувањето нема влијание за позицијата на собата, на кој спрат е собата, големина на креветите, софите, фотелја или помошно легло. Распределбата на собите е од страна на службите на рецепција во хотелот, по пристигнувањето на гостите.

Забелешка: поради новите мерки за заштита од Ковид-19, хотелот го задржува правото за промена на некои содржини без претходна најава.

• Веб страна на хотелот

Содржини

• Општо
• Собна услуга
• За деца
• Детско игралиште
• Клуб за деца

Локација