Jaz Makadina
- Egipet
- Crveno more
- Makadi Bay
- 38 слики
Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил fibula@t.mk .
.hotel-description {
max-width: 1220px;
column-count: 2;
margin: 0 auto;
margin-top: 30px;
column-
Инфо Jaz Makadina

Положба
Хотелот Jaz Makadina во Макади заливот е одличен избор за одмор во Хургада. Jaz Makadina хотелот е наоѓа во областа Мадинат Макади во заливот Макади на околу 32 км од Сакала, стариот живописен центар на Хургада, каде што може да уживате во изборот на бројни ресторани, барови и продавници. Меѓународниот аеродром на Хургада е на 29 км од хотелот.

Сместување
Хотелот има 270 соби – супериор, фамилијарни супериор, фамилијарни делукс и јуниор апартмани. Исто така има и соби за лица со попреченост.
- Супериор соби
- Супериор Фамилијарни соби
- Делукс Фамилијарни соби
- Јуниор Апартмани
Собите се двокреветни (со два единечни кревети или брачен кревет) или двокреветна соба со помошно легло. Сите соби имаат купатило со туш / када, фен, бањарка, влечки, сеф, мини бар (со доплата), телефон, клима, САТ ТВ, апарат за кафе / чај, пегла, балкон или тераса.

Услуга
Сѐ вклучено според хотелскиот концепт за храна и пијалоци. Појадок, доцен појадок, ручек, вечера (вечера во кој било од ,,Dine Around ,,рестораните, закуски, пица, вафли и сладолед во определени часови, посебен дел за детска храна во главниот ресторан, пекара, чај, торти и колачи, три бара. Локални алкохолни и безалкохолни пијалоци.

Содржини
Хотелот има 2 базени, сала за вежбање, пинг понг, тенис. Спа центар - Mavidspa, со разни масажи, сауна, џакузи, билијард, пикадо, одбојка на плажа, кошарка, мини фудбал, Wi-fi интернет бесплатен на јавни површини на хотелот и на рецепција. Главен рсторан El Masry, бар на плажа El Kobba, снек бар Al Sakkala, бар El Sultan, мини клуб за деца, игралиште за деца, анимации во текот на денот и вечерните часови. Со доплата услуги за доктор, хемиско чистење, чување деца, спортови за вода.

Плажа
Хотелот е на плажа. Има и корален гребен на плажата за љубителите на подводниот свет и нуркање. Лежалките и чадорите за сонце се бесплатни.

Внимание
Домашни миленици не се дозволени, во сите ресторани е задолжителен dress code.
Одредени содржини и услуги во хотелот не се бесплатни за користење, а тоа подразбира користење пијалоци од мини барот, гледање некои телевизиски канали, користење услуги на СПА ЦЕНТАР, телефон, факс, интернет, спортови на вода, храна и пијалоци во баровите и À la carte рестораните, користење спортски терени и спортска опрема, користење услуги за хемиско чистење, пеглање, паркинг, гаража, влезници за аква парк и слично. Детални информации за доплата и цена на услугите, како и работно време на баровите, рестораните и другите хотелски содржини се добиваат по пристигнувањето во хотелот, на рецепција.
Посебни барања и напомени во резервацијата не се составен дел од договорот и со самото тоа не се обврзувачки. Организаторот на патувањето нема влијание за позицијата на собата, на кој спрат е собата, големина на креветите, софите, фотелја или помошно легло. Распределбата на собите е од страна на службите на рецепција во хотелот, по пристигнувањето на гостите.
Забелешка: поради новите мерки за заштита од Ковид-19, хотелот го задржува правото за промена на некои содржини без претходна најава.
Веб страна на хотелот
Содржини

Општо
- Собна услуга

За деца
- Детско игралиште
- Клуб за деца

Плажа
- Лежалки за плажа