Serenity Fun City

1. Egipet
2. Crveno more
3. Makadi Bay
• Serenity Fun City
• 56 слики

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил fibula@t.mk .
.hotel-description {
max-width: 1220px;
column-count: 2;
margin: 0 auto;
margin-top: 30px;
column-

Инфо Serenity Fun City

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил fibula@t.mk.
• Положба

Хотелот се наоѓа во Макади Беј, на околу 30км од аеродромот во Хургада, и околу 35-40 км од центарот на Хургада.

• Сместување

Вкупно 515 соби.

• Стандардни соби (35 м², со поглед на градина, еден дупли кревет или два единечни кревети, може да се додаде само еден дополнителен кревет, купатило, макс. 3 лица или 2+1 дете).
• Трокреветните соби се со големина од 52 м² со три стандардни кревети.
• Делукс соби (35 м², поглед кон базен, еден дупли кревет или два единечни кревети, може да се додаде само еден дополнителен кревет, купатило, макс. 3 лица или 2+1 дете, корпа со овошје и мини бар бесплатно на пристигнување, бањарка и влечки).
• Фамилијарни соби (55 м², две поврзани спални соби - во едната има дупли кревет, а во другата два одвоени кревети, може да се стави и еден дополнителен кревет, купатило, поглед кон градина и базени, макс.2+3 деца или 3+2 деца).
• Супериор Фамилијарни соби се луксузна верзија од фамилијарните соби со поглед на базен.
• Фамилијарни апартмани имаат две одвоени делукс соби, балкон или тераса што гледаат на парк и базен. Сите соби имаат балкон или тераса, сателитски ТВ, мини бар (со доплата), сеф, купатило со туш кабина фен, сет за кафе и чај, клима.

• Услуга

Се вклучено појадок, доцен појадок, ручек, вечера, ужина, сладолед во одреден термин, локални алкохолни и безалкохолни пијалоци. Со доплата: премиум локални пијалоци, флаширани пијалоци, свежо цедени сокови, турско кафе, наргиле, коктели, À la carte ресторани.

• Содржини

Главен ресторан за шведска маса, À la carte ресторани (италијански, ориентален, мексикански, азиски, морски плодови), барови низ хотелскиот комплекс. Со доплата: Луна парк, 6Д кино и видео игри, продавници, доктор, телефон, перална, превоз до Хургада, изнајмување возила, спа и центар за убавина. WiFi интернет е бесплатен само во лоби.

• Плажа

Гостите ја користат плажата од хотелот Serenity Makadi Beach, на само неколку минути пешачење, има и превоз до плажа на секои 15 мин. 320 м долга плажа со корален гребен и платформа долга 40 м. Лежалки, чадори за сонце и крпи се бесплатни.

• Спорт и забава

Три базени за возрасни и еден базен за деца, тематски аква парк со повеќе лизгалки за возрасни и деца, фитнес центар, тениски терени бесплатно, осветлување со доплата, клуб за деца од 5 до 12 години, игралиште за деца, мини диско. Со доплата: спа центар, сауна, парна бања, џакузи, турска бања, масажа, билијард, нуркање, спортови на вода, салон за убавина, видео игри, луна парк. Различни анимациски вечерни програми.

• Внимание

Домашни миленици не се дозволени, во сите ресторани е задолжителен dress code.

Одредени содржини и услуги во хотелот не се бесплатни за користење, а тоа подразбира користење пијалоци од мини барот, гледање некои телевизиски канали, користење услуги на СПА ЦЕНТАР, телефон, факс, интернет, спортови на вода, храна и пијалоци во баровите и À la carte рестораните, користење спортски терени и спортска опрема, користење услуги за хемиско чистење, пеглање, паркинг, гаража, влезници за аква парк и слично. Детални информации за доплата и цена на услугите, како и работно време на баровите, рестораните и другите хотелски содржини се добиваат по пристигнувањето во хотелот, на рецепција.

Посебни барања и напомени во резервацијата не се составен дел од договорот и со самото тоа не се обврзувачки. Организаторот на патувањето нема влијание за позицијата на собата, на кој спрат е собата, големина на креветите, софите, фотелја или помошно легло. Распределбата на собите е од страна на службите на рецепција во хотелот, по пристигнувањето на гостите.

Забелешка: поради новите мерки за заштита од Ковид-19, хотелот го задржува правото за промена на некои содржини без претходна најава.

• Веб страна на хотелот

Содржини

• За деца
• Детско игралиште
• Клуб за деца

Локација